Во овој дел одвојуваме место на нашиот сајт за пријателите на СМС пораки кои се љубители на пишаниот збор, дали е тоа проза или поезија или нивни мисли и текстови. Голема благодарност до сите нив кои што се согласија да ги споделат нивните дела со сите нас.
Ќе најдете доста интересни текстови за љубовта, животот, мудри изреки, мудри мисли, проза и поезија. Доколку и вие сакате да ги споделите вашите дела, слободно контактирајте не преку нашата контакт форма.
Така почна, таа ноќ кога го видов твоето лице,
таа прва порака кога скокаше од радост, тој прв бакнеж кога во стомакот ни се разбудија пеперутките, се беше сјајно секој ден цвеќињата цутеа, среќата и радоста беа незаменливи
допирот, кога ќе ме допреше цела кожа ми се ежеше, секој ден лицата насмеани како деца што си играат во песоктта... држејки се за раце цврсто ние двајца против светот
нашата милост немаше крај, прегратките ни беа незаменливи секоја зима заедно чекавме да падне снегот мислев дека засекогаш ќе останеме заедно ахх...
Секој можеше да го изгуби својот живот, својот пријател, својата
половина, својот сон.
Заљубена девојка можеше да изгуби глава. Коцкар можеше да изгуби во казино.Јас од ова изгубив НИШТО.
Да, токму ти си НИШТОТО во мојот живот.
Ти беше моето залудно потрошено време, мојата сурова реалност, единствениот кошмар, единствената...
Дали ти си Тој – светилник кон кој мојте сништа пловат?
Дај побргу одговори!-Дур не заминам во Земјата каде ветрот мојот глас го замолчува.
Дали ти си Тој- на твои образи ли снегулки се топеа?
Дај побргу одговори!- Дури не залутале чекори мои покрај кејот осамен.
Дали ти си Тој- чиј глас ластовици го придружуваат?
Дали ме...
Ние можеме, и сакаме да се наметнеме
еден на друг ,
да се посакаме , отфрлиме, и повторно да се зближиме,
да ги забрзаме зборовите иако нашите јазици се спори ,
ние знаеме дека нашето постоење е помеѓу буквите .
Ја гледаше длабоко во очите и не можеше да се изнагледа.
Како да знаеше дека повторно ќе ја види, како да знаеше дека нема да ја заборави. Колку и да се трудеше таа секогаш го потсеќаше на таа забава, на тој ден, тој проклет ден кога тагата повторно оживеа во неговото срце. Тоа беше денот кога повторно се
потсети колку е неговиот брак промашен и колку тој преживува и се бори секојдневно. Глуми заљубен во својата жена, која од друга страна е безчувствителна пуфла која ја интересира само шопнгот и љубовникот. Многу наврати се обидувал да си го среди животот
, да си ја прифати судбината таква каква што е и да продолжи понатаму обдувајќи се да ја засака. Посебно сега кога единствениот излез му беше да добие дете од неа, кое ќе му го направи...
Седев така стуткана во седиштето и со главата потпрена на воланот.
Не постоеше посигурно место на светот од ова. Овде бев сама, овде бев своја, овде бев сигурна и заштитена. Единствено место на светот каде можев да ја испуштам и душата, да ја отворам и да си дозволам да бидам искрена самата со себе. Да си признаам дека
не сум толку силна. Но, и ова место ме потсетуваше на него, и на ова место ме демнеше неговиот глас и еден збор. Само еден.
Дишењето ми стануваше сè потешко и потешко. Како некоја грутка да ми се беше заглавила. Повеќе не можев ни да ги отворам очите. Само чувствував врели капки кои ми се тркалаа по образите, а во себе сеуште го...
Јас и погледот закотвен во работ на прозорецот.
Од толку многу пријатели, чувствувам дека тој ми е најдобриот сега додека полубудна молчам и ги барам во сеќавањата најубавите фотографии кои ги сликале моите очи. Посегнувам по шолјата со врел чај не тргајќи го погледот од неговото пристаниште.
Ги истрошив сите зборови, чекори и насмевки за денес, хиперактивно ја исцрпив целата убавина на денот, ја потрошив целата сила...
Понекогаш се прашувам
дали љубовта
вистински постои?
Се прашувам длабоко и искрено.
Се замислувам, се сомневам
и заплакувам затоа што не наоѓам одговор.
Срцето ме пече, па на искреноста и велам
"Оди си, јас повеќе не ќе љубам."
“Девојче, не можеш ти тоа да го разбереш. Не го очекувај
тоа од мене. Нема да го добиеш. Мала си. Не разбираш!” – уште еден удар од неговите усни. И ја тресна вратата од неговото срце, иако знаеше дека не го заслужува тоа. Како да чекаше да се откаже. Тој сметаше дека така е подобро за неа. Но,
таа ја слушаше единствената причина која спиеше во неа, единствената искра. Зар беше толку тешко да се сфати – таа го љубеше. Тоа? беше доволно. Секое утро забораваше на...
Правила на користење | За СМС Пораки