Зошто венчалниот прстен се носи на четвртиот прст?

Сигурно сте се запрашале зошто венчалниот прстен се носи на четвртиот прст.

Кинезите дале убава и многу убедлива теорија за тоа зошто свадбениот прстен се носи на четвртиот прст.

Палецот ги претставува вашите родители. Сега вашиот показалец, или вашиот прв прст, ги претставува вашите браќа и сестри. Третиот прст, љубовен или поточно средниот прст, те претставува тебе(самиот себе). Четвртиот прст го претставува вашиот животен партнер. И вашето мало прсте ги претставува децата кои ќе ги имате во иднина.

Сега поставете ги вашите раце заедно додека средните прсти превиткајте ги да покажуваат кон вас, додека другите нека се допираат соодветно(како што е прикажано на сликата).

Венчален прстен на четврт прст

Одкако ќе ги поставите точно направете го следното:

Обидете се да ги раздвоите палците(вашите родители). Твоите палци ќе успеете да ги отворите, бидејќи со вашите родители не сте предодредени да бидете заедно засекогаш. Во одреден момент тие ќе ве напуштат од вашиот живот. Сега вратете ги како и претходно.

Повторете го истото движење со вашите показалци(кои ги претставуваат вашите браќа и сестри). Се разбира истото ќе се случи и со нив, ќе успеете да ги отворите. Исто така не е предодредено да бидете секогаш заедно со вашите браќа и сестри. Тие ќе продолжат понатаму со тоа што ќе имаат сопствени семејства. Сега вратете ги како и претходно.

Сега истото направете го и со вашите мали прсти(кои ги претставуваат вашите идни деца). Повторно се случува истото и со нив како и со претходните. И вашите деца нема да бидат со вас засекогаш. Тие ќе пораснат и ќе имат свој живот и свои семејства. Вратете ги и овие прсти во претходната положба.

Сега на крај е вашиот "прстен" прст. (кој го претставува вашиот животен партнер). Обидете се да ги одвоите како што направивте и со останатите. Не можам да ги одвојам, вие успеавте??? Сигурно се изнанадивте. Тоа е затоа што вашиот животен партнер е оној кој треба да биде и ќе биде со вас поврзан до крајот на вашиот живот. Тие се оние кои ќе бидат со вас засекогаш во добро и лошо.