Шо е филмо со Скопјето?

skopska semaКо шо можам да заприметам, во Битола чупиња и деца над 18 години ко да нема а има и само старци. Ова испаѓа ко една епизода од стар трек кога секој чоек ко ќе станеше полнолетен умираше од некоја чума таму шо му ја всадваја некој лоши таму а тие ретки шо ќе преживееа си живееја до старос. Туку муабето ми е дека чим најди шанса чупе или дете да му ја здувни оттука одма магла фаќат. И остај то, ко ќе заминат таму некаде у пичке си материне па уште го пцујат градо после! Абе пичка му матер шо му има толку бе градо згрешено да го мразат толку? Ваков бил, таков бил, немало ова немало она...

Па од вас нема море предавници едни! Елате седете тука па напрајте нешто за градо...ааа, или сакате се на готово а? Плукате на таткојна а? Ај ај... Многу убо. Многу ме нервират. И шо, ние шо останавме овде да речам патриотите глупи сме а? Епа сеа ќе ти кажам јас кој е глуп а кој не:

Значи, да резимирам шо ви се дешава (на грото): Живот на кредит, цел век под кирија или цел век како студентарија, жена шо не ти била ни на крај памет дека би можел да ја имаш, работа = те кинат по 15 сати на ден, воздух = хаос, вода = оди пиј да те видам, асфалт = пекол, планина - шта је то, сегде кај шо сакаш да одиш е далеку, пријатели само на хартија, слободно време - шта је то, најблиската вода = 200 километри.

Е сеа да ви кажам ако не знаевте како е тука: Живот убав, по цел ден шеташ, корзо, кафичи, кафиња, друштва, другари, чупиња млади (само), работа кој си бара ќе си најди, плата кој си бара ќе си најди поуба, кој нема, тука се мама и тато за кафе секогаш ќе се најди некој динар, жена ќе си најдиш скромна ама нема барем да те нервира а ке биди уба, воздух супер, кој сака посупер - планина на 15 минути, вода за капење на пола сат, поуба вода за капење на 1 сат од тука, се тие блиску а сепак се има, добро освен некои специјални таму делој шо 100% нема да ти требат и 100% пак треба да ги порачаш од странство.

Значи сега кој е глуп? Ние или тие? А, да, заборавив - можности, кариера... Абе искрено ако си паметен ќе имаш можности и кариера и во Тунгузија ама ако си глуп брате (доволно глуп за да мислиш дека можиш нешто да добиеш без нешто да изгубиш) тогаш само можиш да си мислиш дека имаш можност и кариера а да си обичен студент шо живеј под кирија цел век...и да си умри во Бутел 2 (дотогаш ќе се преполни Бутел 1 од таквите).

Напишано од Борче од Битола