Битолските чупиња

bitolskite cupinjaА, ова е болна тема и ќе има уште ногу текстој за ова ама ете да речиме се деси нешто па да резимираме:

Шетам така по корзо и гледам чупињата накитени, накитени мислиш сите се викат Елка. И сеа гледам ситуација табор жени и табор мажи, а мешање - јок. Иста ситуација ако му напрајш на некоја муабет на корзо ко на пример „здраво“ или „да се запознајме“ или шта ти ја знам како, добиваш иста реакција: те поминва без да ти речи ништо. И сеа кој е магаре не знајш дали таја или ти. Ај си реков корзо можи многу јавно место, да не ја зборат зато така прат...значи да видиме ф кафич шо ќе биди:

И... па бе исто срање: табор жени, табор мажи... контакт меѓу нив ни под разно.

Ај па да пробаме со запознавањето... шооо! Пак не те ферма! Аман бе пичка му матер шо е муабето? Зошто се толку многу облечени убо, стегнати, да ти застани окото? Ако некат мажи шо се облекват така уопште алоо? Абе не е за да е грд некој или убав тој шо ќе му се пушти, абе на сите то му го прат, не корпа туку одма те клава на ignore, да се чудиш. И сеа стварно не ми беше јасно и решив да се потрудам да ја решам вековната дилема со битолските чупиња... и гледав и гледам и... ми се скурчи од гледање и излегов од тој глуп кафич и пак на корзо... Седнав на клупите ВПШ (Ваша Последна Шанса) карши драгсторо (шо сеа го нема) и се мислам се мислам и ми текна, конечно ми текна шо е муабето!:

Знајте за кој се облекват толку убо? За другите жени! За да му покажат на другарките кој купил поуба работа вчера и да викат тие:
- „Але шо си уба денес, како манакенка си“. А дечките? Абе кој ги шмиргла дечките и онака тие се 15-16 години и не му е умо уште во такви работи и џабе се силат дечките, а на тие шо се поголеми и умо шо му е веќе во то или чекат да дојдат скопјанците или странците или се веќе ојдени со нив во странство или во...Скопје.

Напишано од Борче од Битола

Може да ве интересира и: