Свадба македонска!

Дали сите дијаспорци мора да се женат во Македонија?

svadba makedonskaЛетен период, седам на балкун и како и стално во саботи и недели свират коли со сватој шо одат на свадба. Али то шо е интересно е дека за разлика од зимата кога свират најчесто југовци и стокецој сега во лето само мерцедеси, волва и не знам какви се ти не странски регистраци на нив.Пратам ситуација сега на една свадба шо ми се дешава баш пред зграда и глеам еден куп дијаспорци собрани, дојдени на „одмор“ за летово во толку многу милата им Македонија и гледам ми ја земат комшивката во странција. Аман бе? Види богати! Прашвам еден тип шо ја знај ситуацијата шо е муабето.

Вика: „Абе чоеко е наш чоек заминат во шветска и работел таму 12 години и сега сакал да земи жена македонка“.

Сакал да земи наша демек а? Му текнало за Македонија. Аман бе, шо не најде досега швеѓанка висока згодна плава таму некоја бомба, шо му се навртел толку на комшивчето мое, да не речам дека нее убо ама нее нишо посебно, поготово ако го споредиш со та швеѓанката. И сеа си викам оти не напрајл така? Абе ми текна! Оти е сељак! Заминал од овде да види демек свет, поубав живот ама во крвта е сељак, и та швеѓанката не се плетка со сељаци па макар и да е „сељак сам ај најлепши“. И сеа нашол овде да ги лажи чупињата наши дека ќе му дај живот убав невиден таму и овје па глупи се лажат (за ова во друга прилика оти ќе ми снема килобајти ако почнам сеа). 

А живото убав таму рмбај 11 месеци и еден месец на одмор во Македонија! Епа брат ние сме на одмор 12 месеци овде во Македонија ако не примети.

И са јасно вие зошто сите дијаспорци мора да се женат во Македонија? Не дека е тој јак патриот, ако беше патриот, пичка му матер ќе си останеше во Македонија и ќе ораше и ќе копаше за доброто на Македонија, туку него едноставно таму не го фермат 2% и мора тука да иди и да ги лажи чупињата. Ито со јаката кола која уше 10 години треба да ја отплаќа и сликата од јаката куќа која ќе му лежи на гла уште 20 години (Штефан и Мери стил у пизду).

А и зато и не можат да си дојдат овде, кредити - ланци на гуша, тешки камења студени - легнале та натежнале и... ке ја глават уште и жената со нив... И нека не се секира ич таја, ќе си ги гледа другарките еднаш годишно.

~ Борче од Битола ~