Афтобуска турбофолкеријадна...

 Афтобуска турбофолкеријадна пушилница за компири

Ама баш сите до еден зборат за то, се нервират, пцујат, карат, врнат и се, ама никој потаму од пероно нема зуцнато за то. Сите се плашат дека немале избор. И ќе немат избор ако продолжат да ќутат ко пизди. Е, да видиме ние тука сеа за шо се работи. 

Се работи за тотален балкански непрофесионализам шо е помалце напраен од немање пари а поќе од акробатиките на газдите и мајсторите, тоест такознаваните персонал. Буквално, ко ќе влезиш да се возиш на некоја релација не знајш дали е то стварно или е некоја скриена камера триста. Прво и основно, нема никаков ред, а камоли возен. Бројој, а поготово партер лево и партер десно се виша математика. Седнуваш и се крстиш дека нема да ти се развика некој и дека нема да падниш долу во багажо и да се осеќаш ко да си во песната на Јапан (тој шо се шверцувал во багажнико на бусо и шо се осеќал после то смачкан како џус). Добро е, не пропадна ама само седиштето не се крева, ај арно - ќе лежиш цел пат, жалам за тој позади. Еј, ти се погоди парното да ти дува в нос, или па ти се подоги на километри од тебе а џамојте фурат, те здрви. Никако да тргни, пола сат се чека.

Афтобуска пушилница

Ај еве се разбудија мајсторите, ќе тргаме. Тргаме. Се клатаме, мислиш сме качени на монти пајтон. Иде иде па стане, некој сељак земаме од сред афтопат. Таман си се стоплил некако и почнува да те гуши чадо од цигарата на газдата на афтобусо, тоест такозванио мајстор со основна школа. Таман ко си помислил дека полошо неможи да биди, оти џам немојш да отвориш - ќе вика бабетината од позади дека било ладно, се дешава нов момент: Турбо Фолк на касета или на радио кое пола шушти а пола шушка се шушка. Пробваш да го угасниш звучнико над тебе ама џабе, на тој прет тебе муе пуштен и на тој пред него. Ај, трпиш, уше малце и готово.

Таман си помислил уше малце ко: - Ај сат и петнајсе минути пауза! Ај, таман за вечера. Ај, чорба, шо да прајш. Ама за мајсторите. Таман се стемнува, тргаме пак да се клацкаме и ко сме таму горе на ридо, нешто замирисва, зачадва и застанва. Ај пола сат мајсторите нешто чачкат позади и сега ми станва јасно зошто возачо го викат мајсторе. После некој кунг-фу потези на мајсторите успева да запали оти оладе и некако со влечкање, заглавени во трета брзина стигаме со 40 на сат цел пат до дестинацијата таман по возен ред ама по редо на нареднио афтобус.

Излегвам од афтобусо извалкан и смирисан на чад и нафтени отпушоци и се осеќам ни помалце ни поќе туку како еден голем чаден компир шо бил во целовечерна турбо фолк кладилница, со лифче пишано за дали ќе стигниме или не.

Напишано од Борче