Ти си Мојот Мир!

Ти си Мојот Мир

Најмила Моја, не знам дали ќе можам да живеам некогаш без твојот глас, глас кој мене ме маѓепса. Јас никогаш досега не сум почувствувал толку мил глас, глас кој ја исполнува мојава душа додека го слушам. Ти и никогаш да не бидеш моја, ти си веќе моја бидејќи мене денот ми е исполнет кога нешто споделувам со тебе. Таа чистота од чувства, таа искреност од душите, таа возвишеност од нас, е она што ме направи пресреќен што постоиш во мојот живот. Се започна неприметно, и се се случува сеуште неприметно. Тоа е она што нас не прави вистински, тоа е она што ни кажува како да постапуваме, а при тоа воопшто да не мислиме на ништо друго освен на нас. Се додека е тоа така, ние ќе ја чувствуваме нашата взаемна среќа, а ние ќе бидеме тие кои таа среќа ќе си ја даваме онака како што и посакуваме.

Најмила моја, ти си мојор мир

Твојот немир, јас сакам да биде твој мир од мене, за мене, со мене! Сакам да ти бидам се она што мигот ќе ти го прави ден, денот ќе ти го прави месец, а месецот да ти биде година. Твоето доаѓање до мојата душа е најубавото нешто што ми се случува, и ако продолжиш вака и понатаму, мојата душа ќе биде твоја душа. Почитувајќи ја љубовта, кај нас се роди љубов, љубов од која мојот здив запира, и љубов од која не сакам да излезам никогаш. Можеме да контролираме се, но чувства колку и да сакаме не можеме. Тие сами си го наоѓаат својот пат, и тие сами одлучуваат каква иднина имаат. Ние можеме само да ги следиме или да одиме против нив. Штом се решивме да ги следиме, тогаш и иднината ќе ни биде онаква каква што ја посакуваме. Нашето надополнување е во бескрајната љубов која си ја чувствуваме и која не исполнува. Не помислував дека ќе чувствувам ваква љубов, љубов која ме прави пресреќен само од самата помисла дека ти мислиш на мене. Ти и без да ми го кажеш тоа, јас те чувствувам насекаде околу мене, во мене, до мене! Моите чувства се толку вистински, колку што си и ти вистинска.

Кога почувствував колку многу ме посакуваш, кога почувствував колку те правам среќна, кога почувствував дека сакаш да ми ја дадеш својата среќа за јас да бидам среќен, тогаш навистина почувствував колку сум јас среќен со тебе. Таа моја среќа можеш само ти да ми ја одземеш, а и ако ми ја одземеш јас ќе бидам пресреќен што и воопшто ја почувствував. Мојата среќа е твоја, и како ми ја даваш, така и мојата живее. Не постои простор, не постои време, не постои ништо, освен јас и ти. Се додека си мое секојдневие, се дотогаш мојата среќа ќе биде среќа, и мојот живот ќе биде живот. Ме направи најсреќен со тоа што се будиш во моите мисли, и заспиваш со моите мисли. Твојата топлина мене ми е се, и се додека те чувствувам во мене, јас ќе живеам за тоа. Моите чувства живеат, и како ќе живеат ти така и ќе ги чувствуваш. По моите чувства ќе знаеш сама која си ти за мене, и која ќе бидеш со мене. Сакам само да чувствуваш, за да дознаеш колку многу те сакам и посакувам. Ти ми го претвори животот во рај, рај кој сакам вечно да трае со тебе. Тој рај е во нашите чувства кои не бараат ништо, а даваат се.

Благодет е да почувствуваш чиста и бескрајна љубов, и благодет е да живееш со неа и за неа. Ти си мојот благодет Најмила Моја, и сакам да живеам за тебе, и со тебе. Моите желби се поврзани со тебе и за тебе, и се додека сакаш да бидеш во моите желби, ти и ќе бидеш. Оваа љубов што ја доживуваме, е она што нас не прави пресреќни и затоа ќе ја одржуваме среќна за и ние да си бидеме среќни. Нашата среќа е во нашето надополнување кое надополнување и ја створи оваа искрена љубов. Се додека сме искрени, се дотогаш и ќе се надополнуваме. Не гледам неискреност, не гледам недоверба, не гледам ништо освен тебе, а не сакам и ништо да гледам друго освен тебе. Сакав да сакам, и те засакав тебе, сакав да бидам среќен, и јас сум среќен со тебе. Се што сакав и посакував јас и имам со тебе.

Ти ми го донесе мојот мир, мир кој отсекогаш го посакував. Сега сакам тој мир да трае вечно, и ти секогаш да бидеш моја вечност, најмила моја !

~ Zoki Ilev ~