Нашата љубов

Искрена и вечна љубовМила моја колку е само убаво чувството да можеш да го кажеш тоа што го чувствуваш, а да при тоа истото биде чувствувано како што и ти го чувствуваш. Тој спој, тоа чувствување на возвраќањето, тое е она што ни ја исполнува душата. Со исполнувањето на душата ние знаеме зошто живееме, и знаеме зошто постоиме. Ти ми ја исполни душата, со твојата природност, со твојата одлучност, со твојата прецизност за посакуваното. Кај мене тешко доаѓаат чувства, и кога ќе дојдат ако не се вистински, исчезнуваат пак. Со доаѓањето на твоите чувства за мене, моите се оживеа и сега живеат под твоја закрила. Колку се попосебни чувствата, толку и љубовта е поголема и поголема. Нашава љубов е чиста, недопрена, невидлива за останатите, а толку реална и силна за нас.

Кога посакував, посакував да сретнам личност која ќе знае што сака и зошто тоа го сака, да постапува онака како што ќе чувствува, и да секогаш, секогаш биде своја. Колку повеќе се почитуваме себеси, толку и повеќе ќе не почитуваат останатите. Кога им го даваме она што сакаме на саканите, тогаш и саканите ќе почнат да чувствуваат колку ни значат. Кај нас беше обострано исто, и обострано исто сеуште трае. Се што е обострано, е љубов од почеток, и таа љубов треба двајцата да си ја негуваме за да ни трае бесконечно. Бесконечноста е во издржливоста на постапките кои ќе ни се случуваат, бидејќи понекогаш и животот ни дава свои тестови кои се поминуваат единствено ако чувствата и љубовта се вистински. Со тие тестови дознаваме сами колку нашите чувства се силни, колку се издржливи, и колку реално посакуваме истите да се надминат кога нема да се движат по вистинскиот пат. Колку повеќе чувства имаме, толку и повеќе ќе сме осетливи на сите промени кои се дел од нашето секојдневие. Преку промените и постапките, чувствата или ќе се зголемуваат или ќе се намалуваат. Кога пред време сме свесни, и пред време очекуваме било какви промени, тогаш ништо нема да не изненадува и се ќе си надминуваме заедно. Ние знаеме со време, а не пред време, и се што ќе ни се случува ќе си го надминуваме тогаш и кога ќе се случи. Сакам да веруваш во себе, а не во мене, и да преку тоа твое верување дознаваш колку јас сакам да бидам со тебе.

Нашите животи се поклопија кога и најмалку се надевавме, и тоа поклопување ќе продолжи се дотогаш додека јас и ти сакаме да трае. Преку тоа што е во нас, ќе дознаеме колку е вистинска нашата љубов, и колку вистински ќе знаеме да се носиме со неа. Нашите моменти, се само наши, и како ќе си ги споделуваме знаеме само јас и ти. Се додека постоиме само јас и ти, се дотогаш и ќе си бидеме целосно исполнети. Нашата доверба е обострана, и се додека е таква, ние ќе си пресудуваме сами. Кога зад секоја одлука стоиме јас и ти, тогаш и секоја одлука ќе биде праведна. Со праведноста во одлучувањето нашето ќе биде наше и никој нема да може да не одтргне од тоа што ќе одлучиме.

Нашите души си се пронајдоа сами, и наше е да ги оставиме заедно да си живеат на нивни начин. Кога душата ќе си го живее нејзиното, тогаш е и животот вистински. Ти си мојата реалност, реалност која ме прави пресреќен и од која реалност не сакам да излезам никогаш. Знаеш и сама колку чувства има во моиве постапки, знаеш колку посакувам да те видам, да те допрам, да те имам. Кога ќе посакаш да ме видиш, ќе ме видиш, кога ќе посакаш да ме допреш, ќе ме допреш, кога ќе посакаш да ме имаш, ќе ме имаш, бидејќи ти си дел од мене, дел кој ми го разубави животот.

Нашите души си се пронајдоја самиОткако влезе во мојот живот, секојдневието ми го направи живот. Кога тебе те нема еден ден, за мене е тоа како да ми поминал животот. Се додека си мое секојдневие се дотогаш ќе живеам по еден живот. Твојата среќа е и моја, и колку е твојата поголема, толку и јас ќе бидам посреќен, бидејќи ти знаеш да ме направиш среќен, среќен онака како што јас посакувам. Кога се будам, а мислам на тебе, кога јадам, а мислам на тебе, кога работам, а мислам на тебе, кога легнувам, а мислам на тебе, тогаш сакам тоа да трае секогаш кога се будам, кога јадам, кога работам, кога заспивам, бидејќи самата помисла на тебе ми го разубавува утрото, денот, ноќта !

Сите живееме за својот сон, сон во кој колку повеќе го сонуваме, толку и посреќни се будиме. Мојот сон си Ти, и сакам од овај сон да не се разбудам никогаш, бидејќи се додека те имам во мојот сон, се дотогаш и ќе знам зошто живеам, најмила моја !

~ Зоки Илев ~