Подобро...Подобро...Подобро...

Подобро...Подобро...Подобро...

Подобро...Подобро...Подобро

Никогаш немојте да посакувате нешта од кои свесно знаете дека од тие нешта ќе ви биде Секако, само не онака како што вие сакате. Секогаш, секогаш бидете свои бидејќи колку и да ,,ние останатите" сме во право, тоа што е во нас, е во нас, и кај секој е различно, и секој на различен начин го рефлектира тоа. Најисправните одлуки се оние што сами ги донесувате при тоа земајќи ги во предвид сите останати добронамерни сугестии. Последното треба да биде секогаш Свое, без исклучок дали е правилното или погрешното. Сите ние имаме различни погледи кон нештата, различни приоди кон нив, различно ги чувствуваме нештата, различно ги посакуваме нештата, со еден збор секој си е свој за себе. Тоа што е во вас треба да биде дел од вас и со самото тоа се поставувате сразмерно на сите понатамошни ,,НЕШТА", кои што ќе настанат од тоа.

Верувајте во тоа што го чувствувате бидејќи тоа што го чувствувате е она најчистото кај секој и само преку искрените чувства се доаѓа до вистинската среќа. Секој среќа е засебна, и секоја среќа треба секој да си ја доживува на свој начин. Не можете секогаш да бидеме 100 % среќни, но не смеете и никогаш да се обесхрабрувате ако нештата тргнат во погрешен правец. Секогаш ако нешто тргне наопаку, на тоа треба да гледате како неправилна проценка и да се потрудите преку тоа да сватите зошто дошло до тоа и на кој начин да се надмине. Има нешта кои се ненадминливи и за тие нешта единствено што можете е само да го дадете најдоброто од себе за да што и да се случува понатаму, Со нив, и Од нив, вие не чувствувате дека можело вака, така, онака !

baknez na_dozdot

Докажувајќи го вашето, кон она што сте го замислиле и кон она што чувствувате, вие свесно треба да прифатиме дека тоа што било Од вас, и До вас, сте го направиле, при тоа никогаш не помислувајќи дека треба да ви биде возвратено за тоа што вие, потенцирам вие сте го посакувале и сте го направиле онака како што и сте го направиле. Секогаш давајте, давајте онолку колку што сами сакате да давате. Немојте тоа да биде заради тоа што ве сакаат, тоа нека биде заради вие што сакате и само кон тоа што вие сакате. Искажувајќи ги нештата на свој начин тие нешта остануваат или се забораваат зависно кој и како гледа на сето она што го правите. За вистинските и кон вистинските нешта нема ограничувања, нема размислувања, нема двоумења, во нив треба безусловно да се верува и безусловно да се прифатат онакви какви што се, бидејќи тие се вистински за вас.

Се е во самите вас, само треба да го разбудите тоа и да го оживеете на ваш начин за да тоа што е во вас и живее онака како што сами Сакате да живее ! Со самото тоа што е дел од вас, тоа постои, а се што постои, Секогаш и Секогаш може да биде ... ПОДОБРО ... ПОДОБРО ... ПОДОБРО ...

~ Zoki Ilev ~