Романтичен новогодишен поклон

Се ближат новогодишни празници а вие се уште немате идеја што да и купите и да и подарите за Нова Година??? Интересна идеја и начин како да го направите тоа.

Од како го купивте поклонот кој сакате да и го подарите на вашата сакана или сакан по повод Нова Година, еве еден интересен поразличен начин како да го спаковате вашиот поклон.

Се што ќе ви треба е во некој од Office пакетите или некој друг програмски пакет да направите еден вид на осумнасочен крстозбор. Во крстозборот доволно е да ги додадете името на вашата сакана и некоја љубовна порака во соодветна насока. Можете малку да ја искористите вашата имагинација и да додадете и некој друг “скриен“ текст кој ќе треба да го најде. Сепак должината на пораките зависи и од големината на самиот поклон. Преголема порака можи да ја изгуби смислата доколку самиот поклон е мал.

Од како ќе го направите иштампајте го листот хартија и искористете го за да го завиткате поклонот. Доколку вашиот принтер, принта само во А4 формат, и не е доволно за да го завтикате вашиот поклон,  тогаш испринтајте неколку страни и споете ги како  еден голем лист хартија и потоа со него завиткајте го поклонот.

Имајте среќни Новогодишни празници исполнети со многу љубов. 

 

Романтична идеја за поклон

Прочитајте ги и останатите романтични идеи како да ја изненадите кои можете да ги искористите.