Како да ја изненадам?

Романтична вечераСакате да приредите некое изненадување за вашата сакана или сакан а немате идеја за тоа? Во прилог можете да прочитате романтични идеи кои можи да ги направите на брз и лесен начин а да не мора да биде премногу ексклузивно и скапо.Секој романтичен гест или романтична идеја не мора да кошта многу пари за да ја реализирате. Некогаш и еден доволен мал гест кој ќе го направите можи да значи многу повеќе за вашиот сакан или сакана одколку скапа вечера во некој ресторан, скап поклон, патување или слично. 

Доволна е само мала инспирација и секако љубов за да ја постигнете вашата цел.

  1. Направете романтична вечера која ќе ја припремите вие.
    Подгответе вечера која на двајцата ви е омилена и не мора тоа да биде јадење за кое ќе ви биде потребно повеќе време за приготвување. На интернет со малку пребарување можете да најдeте доста интересни романтични јадења во зависност што сакате. Уште поинтересно ќе направите доколку направите и романтична атмосфера во вашата кујна да ја повикате порано а да не и кажете за што ја барате, па вечерата да ја приготвите заедно. Уживајте и секако не заборавајте сето тоа да го зачините секако со љубов.
  2. Направете и масажа
    Пред да ја направите масажата секако мора да бидете и подготвени за тоа. Ви препорачуваме прво да купите миризливи свеќи во некој од маркетите кои ќе допринесат во атмосферата и секако ќе ве отпуштат. Набавете обавезно и некое етерично масло со мирис на лаванда кое делува позитивно и опушта. Исто така на YouTube може да најдите доволно видеа со совети како најдобро и правилно да правите масажа кои би ги искористиле за вашата намена. Останатиот дел го оставаме на вас.
  3. Љубовни пораки
    Напишете кратки љубовни, романтични пораки на парче хартија и без да ве види поставете ги на некое место на кое случајно ќе налета на нив, дали во нејзината соба, под перница, или во нејзиното палто, чанта. Исто така не и кажувајте и го тоа истиот ден и имате оставено порака, нека ја најде самата иако тоа би траело неколку денови. Потоа кажете и точно кога го направивте тоа и пред колку време па ќе видите колкав позитивен ефект ќе постигнете со овој мал гест. Имајте навика ова да го правите често по неколку пати во месецот и тоа, тогаш кога најмалку се надева и очекува.
  4. Испратете и писмо или честитка
    Барем денес не е проблем, скоро во секоја трафика или книжара можете да најдите доста интересни честитки, дали се тоа со некоја романтична порака, смешни, љубовни и слично. Купете една, и секако не ви е потребно многу време да отидете до пошта и да и ја испратите на домашна адреса. Исто така можете да и испратите и писмо напишано од ваша страна во кое ќе и кажете колку ви значи. Можеби во себе сега се прашувате па што и би напишале??? Доволно е да напишете и една реченица во која ќе и кажете колку ви значи, а верувајте еднаш кога ќе почнете сигурно мислите сами ќе ви доаѓаат па и самите ќе се изненадите од тоа што сте го напишале.
    Доколку па немате идеја што искористете некоја од љубовните писма кои се наоѓаат на нашиот сајт.
  5. Прошетка до некое од вашите омилени места
    Покани ја да излезете, секако без да и ги кажете деталите за вашата прошетка, едноставно уште поинтересно би било доколку отидете до нејзината куќа, јавете и се или испратете и смс порака, и кажете и дека ја чекате и дека ќа ја носите на некое посебно место. Понежниот пол сакаат кога ќе ги држите во неизвесност. Импровизирајте, набавете и од вашата омилена чоколада која вашата прошетка ќе ја заслади. Прошетајте по местата на кои порано сте шетале а долго не сте ги посетиле. Дали е тоа во парк, или некое друго ваше омилено место. Уживајте во прошетката и секако не заборавајте на прегратките.
Доколку имате некоја ваша романтична идеја која сакате да ја споделите, испратете ни ја и ние ќа ја објавиме на нашиот сајт.