Пријателите на СМС пораки

Во овој дел одвојуваме место на нашиот сајт за пријателите на СМС пораки кои се љубители на пишаниот збор, дали е тоа проза или поезија или нивни мисли и текстови. Голема благодарност до сите нив кои што се согласија да ги споделат нивните дела со сите нас.

Ќе најдете доста интересни текстови за љубовта, животот, мудри изреки, мудри мисли, проза и поезија. Доколку и вие сакате да ги споделите вашите дела, слободно контактирајте не преку нашата контакт форма.

Адреса: Земја на изгубените души

Адреса: Земја на изгубените души

Оваа е таа земја на изгубени души ,
земја каде што сите зборуваат
но, ретко кој ќе каже нешто,
каде што глумат правда
а, зад грб уриваат туѓи мостови,
каде што и сонцето ќе престане да грее
само за да не гледа што се случува.
Најпосле ќе се запрашам:
Каде ли исчезнал човечкиот род?
Можеби одговорот е
во измаченоста и безволието.
Можеби постои само доброто,
а злото не е ништо друго
освен доброто измачено
во својата глад и жед.
Но, сето тоа повторно и повторно
влече корења од нашите грешки .
Всушност....
која сум јас за да судам
и кои сте вие
да го критикувате она
кое не сте имале храброст
ни да го напишете.
Зошто воопшто постои народот
и животот
кога нашата адреса е
земја на изгубените души?

~ Sani ~