Пријателите на СМС пораки

Во овој дел одвојуваме место на нашиот сајт за пријателите на СМС пораки кои се љубители на пишаниот збор, дали е тоа проза или поезија или нивни мисли и текстови. Голема благодарност до сите нив кои што се согласија да ги споделат нивните дела со сите нас.

Ќе најдете доста интересни текстови за љубовта, животот, мудри изреки, мудри мисли, проза и поезија. Доколку и вие сакате да ги споделите вашите дела, слободно контактирајте не преку нашата контакт форма.

Милост

МилостТака почна, таа ноќ кога го видов твоето лице,  таа прва порака кога скокаше од радост, тој прв бакнеж кога во стомакот ни се разбудија пеперутките, се беше сјајно секој ден цвеќињата цутеа,  среќата и радоста беа незаменливи 
допирот, кога ќе ме допреше цела кожа ми се ежеше, секој ден лицата насмеани како деца што си играат во песоктта...  држејки се за раце цврсто ние двајца против светот нашата милост немаше крај, прегратките ни беа незаменливи секоја зима заедно чекавме да падне снегот  мислев дека засекогаш ќе останеме заедно ахх... Спомени, ги закопа длабоко во земјата на снегот... овој пат му дозволи да ја покрие нашата љубов  наместо да ни донесе радост и среќа ни донесе тага...

 

Признавам ми беше најголема слабост, затоа што премногу те сакав иако го користеше тоа бев твое рамо за плачење, секогаш бев тука во тешките моменти и што добив за возврат? Оставен сам на снегот сам да се борам против студот...
студот ме јадеше постојано толку многу ме истошти што останав празен, без никакви чувства... кога ВИКАВ на цел глас по тебе колку ми требаш те немаше ме остави сам, како и секогаш по којзнае кој пат повреден од тебе  кога едниствената надеж ми беше ти, ти ми го заби ножот во грб...

Работите се променија сега се надевам на пролетта да ми донесе среќа, за жал тебе те нема, егото и гордоста ги стави пред нас и одлучи да свртиш нов лист без мене,  ќе се потрудам да ја пронајдам старата личност која многу ми недостига, можеби нема да го има твоето име и лице, но се надевам ќе ми даде тоа што ти неможеше да ми го дадеш.