Пријателите на СМС пораки

Во овој дел одвојуваме место на нашиот сајт за пријателите на СМС пораки кои се љубители на пишаниот збор, дали е тоа проза или поезија или нивни мисли и текстови. Голема благодарност до сите нив кои што се согласија да ги споделат нивните дела со сите нас.

Ќе најдете доста интересни текстови за љубовта, животот, мудри изреки, мудри мисли, проза и поезија. Доколку и вие сакате да ги споделите вашите дела, слободно контактирајте не преку нашата контакт форма.

Црна точка

Осамен мажСекој можеше да го изгуби својот живот, својот пријател, својата половина, својот сон.

Заљубена девојка можеше да изгуби глава. Коцкар можеше да изгуби во казино.Јас од ова изгубив НИШТО.

Да, токму ти си НИШТОТО во мојот живот.

Ти беше моето залудно потрошено време, мојата сурова реалност, единствениот кошмар, единствената грешка. Прости, ама успеа да го ископаш најлошото од мојата душа а јас пак го преточив во зборови. Да умеев да цртам ќе те претставев како црна точка, како нешто опасно, како нешто непожелно и забрането.И баш тоа си,најцрната точка мастило која успеа да го обои мојот животен океан, ама веќе избледуваш во моите води, веќе почна твојата душа да ја боиш црна.

Почнуваш да тонеш со самото тоа што се осуди сам да го јадеш првиот појадок, сам да го пиеш првото утринско кафе, заспиваш сам пригушен во ноќите, пригушен од моите последни зборови кои неодамна ги кажав. Те болат ли нечовеку? Успева ли барем нешто да допре до таа твоја смрдена душа? Успева ли барем нешто да те натера да го исфрлиш нечовечното од тебе, пробуваш ли да си ја исчиштиш душата од гревови, од лаги и измами?

И што повеќе да кажам , ти заслужуваш вечно да читаш зборови дури погрди од овие, ти не заслужуваш ништо подобро.Ни мене, ни капка љубов, ни разбирање , ни внимание ни НИШТО. Кога велам ништо, значи не се заслужуваш ни самиот себе си. Не заслужуваш да имаш подршка од никого, ни љубов, ниту пак пријател.

Всушност што ќе ти е човек до тебе, ти можеш и сам, ќе јуриш низ тој проклет живот, што допрва ќе се помачам да го уништам а верувај и ќе успеам.Да помислеше навреме за постапките можеби ќе те поштедев ама јас кажав, сега или некогаш ќе влезе некоја немилосрдна кучка во твоето срце, до болка ќе ја сакаш, ќе ја оставиш, ќе и се вратиш и ќе те уништи.За среќа, тоа ќе бидам јас.

Прости пак ама морам.

~ Кристина Маневска ~