Пријателите на СМС пораки

Во овој дел одвојуваме место на нашиот сајт за пријателите на СМС пораки кои се љубители на пишаниот збор, дали е тоа проза или поезија или нивни мисли и текстови. Голема благодарност до сите нив кои што се согласија да ги споделат нивните дела со сите нас.

Ќе најдете доста интересни текстови за љубовта, животот, мудри изреки, мудри мисли, проза и поезија. Доколку и вие сакате да ги споделите вашите дела, слободно контактирајте не преку нашата контакт форма.

Дали ти си Тој...

Дали ти си Тој

Дали ти си Тој - Другата страна на прозорецот

Дали ти си Тој – светилник кон кој мојте сништа пловат?

Дај побргу одговори!-Дур не заминам во Земјата каде ветрот мојот глас го замолчува.

Дали ти си Тој- на твои образи ли снегулки се топеа?

Дај побргу одговори!- Дури не залутале чекори мои покрај кејот осамен.

Дали ти си Тој- чиј глас ластовици го придружуваат?

Дали ме повикуваш низ сон, одговори побргу!-Дури не заспијам со Утеха под перници мокри.

Дали ти си Тој- чиј парфем низ коси го чувствувам?

Одговори побргу , дури туѓи дланки не ги погалиле образиве мои-Ожалостени.

Милица  Пашовска