Пријателите на СМС пораки

Во овој дел одвојуваме место на нашиот сајт за пријателите на СМС пораки кои се љубители на пишаниот збор, дали е тоа проза или поезија или нивни мисли и текстови. Голема благодарност до сите нив кои што се согласија да ги споделат нивните дела со сите нас.

Ќе најдете доста интересни текстови за љубовта, животот, мудри изреки, мудри мисли, проза и поезија. Доколку и вие сакате да ги споделите вашите дела, слободно контактирајте не преку нашата контакт форма.

Денес, утре и прагот меѓу нив

Денес, утре и прагот меќу нивЈас и погледот закотвен во работ на прозорецот. Од толку многу пријатели, чувствувам дека тој ми е најдобриот сега додека полубудна молчам и ги барам во сеќавањата најубавите фотографии кои ги сликале моите очи. Посегнувам по шолјата со врел чај не тргајќи го погледот од неговото пристаниште.

Ги истрошив сите зборови, чекори и насмевки за денес, хиперактивно ја исцрпив целата убавина на денот, ја потрошив целата сила...Се со цел, вечерва сонот бргу да ме заведе и да не им остави ни секунда на моите мисли за да одлутаат далеку. Но тие се како тврдоглави деца. Повторно го оставија моето тело тука и заминаа таму каде што се најсреќни.

Покрај него.

Нивното заминување ми остави шепот дека сепак останале уште три зборови непотрошени за денес. Воздишка ги измами на врвот од усниве. МНОГУ МИ НЕДОСТИГАШ.

Автор : Катерина Стојановска