Пријателите на СМС пораки

Во овој дел одвојуваме место на нашиот сајт за пријателите на СМС пораки кои се љубители на пишаниот збор, дали е тоа проза или поезија или нивни мисли и текстови. Голема благодарност до сите нив кои што се согласија да ги споделат нивните дела со сите нас.

Ќе најдете доста интересни текстови за љубовта, животот, мудри изреки, мудри мисли, проза и поезија. Доколку и вие сакате да ги споделите вашите дела, слободно контактирајте не преку нашата контакт форма.

Кога срцето камен бидува

Кога срцето камен бидува

Кога срцето камен бидува

Понекогаш се прашувам
дали љубовта вистински постои?
Се прашувам длабоко и искрено.
Се замислувам, се сомневам
и заплакувам затоа што не наоѓам одговор.
Срцето ме пече, па на искреноста и велам
"Оди си, јас повеќе не ќе љубам."

Но, само го лажам срцето,
а потоа безусловно му се извинувам
кога повторно ќе се заљубам
и ке дозволам да биде повредено.
Веќе скршено, пробувам да го составам
и повторно му велам
"Биди добро, јас повеќе не ќе љубам."

Но, штом утрото осамна,
разумот повторно уморно од непреспаната ноќ заспа,
а срцето повторно се заљуби.
Се здружи , иако во сомнеж, со искреноста
и ете, пак се распарчи.
Некој повторно го искористи, си поигра и го отфрли.
Овој пат срцето крвари се посилно,
како со нож некој да ме беше забодел во сеуште ревката рана.
Па сега викам на цел глас во ветување
"Камен постани, јас повеќе не ќе љубам."

Ладнокрвноста и арогантноста
ми станаа добар ден,
а јас се заледив.
А зар може на ледено да му биде ладно.
Зар мраз можеш да прободеш,
зар камен можеш да скршиш?
Конечно, разумот се пробуди, па одѕвони
"Од искреност не бидува,
од добрина лишува,
остани од камен потврдо,
од мраз поладно,
камен над камен,
камен од камен,
јас повеќе не ќе љубам"...

Јаневска Марија, 2012
http://beleskitenalajlagrejs.wordpress.com