Пријателите на СМС пораки

Во овој дел одвојуваме место на нашиот сајт за пријателите на СМС пораки кои се љубители на пишаниот збор, дали е тоа проза или поезија или нивни мисли и текстови. Голема благодарност до сите нив кои што се согласија да ги споделат нивните дела со сите нас.

Ќе најдете доста интересни текстови за љубовта, животот, мудри изреки, мудри мисли, проза и поезија. Доколку и вие сакате да ги споделите вашите дела, слободно контактирајте не преку нашата контакт форма.

Дали да се...

‎"Ви текнува на она чувство кога ќе се заљубите, кога ви “летаат пеперутки” во стомакот?

Да, да, ви текнува многу убаво, сите ги имаат бар еднаш почувствувано. Епа, така се "чувствувам" јас во моментов. Не ми се јаде затоа што “малите монструми во стомакот” не ми даваат, не ми се спие затоа што реалноста е поубава од било кој сон, имам насмевка на лицето без никаква причина само затоа што ти ми се шеташ низ мислите нон стоп.

Пеперутки во стомакот

Секоја вечер пред да заспијам ти си ми последната мисла која ми поминува низ главата, а наутро си ми првата што почнува да се шета низ неа. Ми недостигаш кога те нема, кога не се допишувам со тебе на фејсбук, кога те нема да објавиш нешто или да стиснеш лајк.

Љубомора? Да. Сакала да признаам или не. Некои работи кои до сега не ги забележував кај тебе сега ги гледам и кога мижам. Каде си, со кого си, што ли правиш, зашто те нема да се јавиш,…?

Се наоѓам себе си замислувајќи како ќе изгледа нашето дете… дали ќе биде женско или машко, дали ќе ги има твоите блескави очи и твоето носе, дали ќе биде срце кршач на тебе или романтично на мене…? … не знам… дали да ги убијам “чудовиштава” во стомакот или да ги оставам да живеат?

Дали да се надевам или да не почнувам?

Дали да те сакам или да те обожавам??? ......"

~ Izabela A. ~