Пријателите на СМС пораки

Во овој дел одвојуваме место на нашиот сајт за пријателите на СМС пораки кои се љубители на пишаниот збор, дали е тоа проза или поезија или нивни мисли и текстови. Голема благодарност до сите нив кои што се согласија да ги споделат нивните дела со сите нас.

Ќе најдете доста интересни текстови за љубовта, животот, мудри изреки, мудри мисли, проза и поезија. Доколку и вие сакате да ги споделите вашите дела, слободно контактирајте не преку нашата контакт форма.

Љубовен мозаик

Велат дека е скршено срце она...

Скршено срцеСедев така стуткана во седиштето и со главата потпрена на воланот. Не постоеше посигурно место на светот од ова. Овде бев сама, овде бев своја, овде бев сигурна и заштитена. Единствено место на светот каде можев да ја испуштам и душата, да ја отворам и да си дозволам да бидам искрена самата со себе. Да си признаам дека не сум толку силна. Но, и ова место ме потсетуваше на него, и на ова место ме демнеше неговиот глас и еден збор. Само еден.

Дишењето ми стануваше сè потешко и потешко. Како некоја грутка да ми се беше заглавила. Повеќе не можев ни да ги отворам очите. Само чувствував врели капки кои ми се тркалаа по образите, а во себе сеуште го...

Повеќе: Велат дека е скршено срце она...

Денес, утре и прагот меѓу нив

Ми недостигашЈас и погледот закотвен во работ на прозорецот. Од толку многу пријатели, чувствувам дека тој ми е најдобриот сега додека полубудна молчам и ги барам во сеќавањата најубавите фотографии кои ги сликале моите очи. Посегнувам по шолјата со врел чај не тргајќи го погледот од неговото пристаниште.

Ги истрошив сите зборови, чекори и насмевки за денес, хиперактивно ја исцрпив целата убавина на денот, ја потрошив целата сила...

Повеќе: Денес, утре и прагот меѓу нив

Кога срцето камен бидува

Белешките на Лајла ГрејсПонекогаш се прашувам
дали љубовта вистински постои?
Се прашувам длабоко и искрено.
Се замислувам, се сомневам
и заплакувам затоа што не наоѓам одговор.
Срцето ме пече, па на искреноста и велам
"Оди си, јас повеќе не ќе љубам."

Повеќе: Кога срцето камен бидува

Мала за љубов...

Мала за љубов“Девојче, не можеш ти тоа да го разбереш. Не го очекувај тоа од мене. Нема да го добиеш. Мала си. Не разбираш!” – уште еден удар од неговите усни. И ја тресна вратата од неговото срце, иако знаеше дека не го заслужува тоа. Како да чекаше да се откаже. Тој сметаше дека така е подобро за неа. Но, таа ја слушаше единствената причина која спиеше во неа, единствената искра. Зар беше толку тешко да се сфати – таа го љубеше. Тоа? беше доволно. Секое утро забораваше на...

Повеќе: Мала за љубов...

Виновникот за палетата од бои

Романтичен бакнежДенес е... пролет. Навистина е. За мене е. Секој ден, веќе долго време без разлика дали врел песок, жолти лисја или снег се топат под моите стапала, јас чуствувам само мирис на пролет.

И понекогаш подскокнувам додека одам. Да, токму така! Како дете кое се радува разгалено од...

Повеќе: Виновникот за палетата од бои