Сама сум иако те имам тебе

Да те заборавам не можам

Те сонувам иако не смеам, иако не сакам. Луѓето се сеќаваат на минатото ако сакаат, но забораваат ако можат. Кога мислам на тебе и самотијатa ми е убава. И животот ми добива некаква смисла, но често како да ги одбегнувам полесните патишта и создава испреплеткани случки , можеби за поука. Не дозволувам сама да учам, од сопствените грешки а често грешам. Љубовта не умира, неа ја убиваат луѓето. Те молам разбудиме од овој лош сон, од сон кој ми создава само тешки болки. Разбуди ме и одведи ме некаде далеку, зашто овде нема место за мене и тебе, за нас. 

Да те заборавам, неможам. Така уште повеќе те засакувам, а знам дека кога си сам никој не може да те остави. Полека и тивко губам се... Живеам но не чувствувам... имам сила, а слаба сум... неподвижна во срцето, смрзната во душата. Тагувам но не плачам. Сонувам а будна сум. Посакувам моќ а нема ниту капка среќа.

За да го најдам она што сум го изгубила треба да се вратам по истиот пат, по кој одев, а не можам не смеам. Чувствувам страв во глувата ноќ исполнета со чудни гласови. 
Сама сум иако те имам тебе!