Колку има вакви врски...

Си ги земавме зборовите еден со друг од уста... мислевме за исти работи и зборувавме за нив на ист начин... така што изгледаше како од секогаш да се познаваме... Беше осум години помлада од мене, и несебично и ја покажував патеката по која треба да се движи... И кажував како во животот на секој МАЖ постои само една ЖЕНА со која може да оствари совршена врска, исто како што во животот на секоја ЖЕНА постои само еден МАЖ со кој би се осеќала КОМПЛЕТНА...

Вечна е нашата љубов

Но, таквата СУДБИНА е многу мала за тие вистински личности да се пронајдат и сретнат... Сите останати се принудени да живеат во еден вид на незадоволство и некој вид непрекината фантазија... Еднаш во еден наш меѓусебен разговор таа ме запраша:

- Мил мој, дали можеби би знаел да ми кажеш колку има вакви врски... врска баш како нашата... Дали само постои една во десет илјади, една во милион... во десет милиони, ме прашуваше таа милно.
- Да, да мила моја, точно така... една во десет милиони... и одговорив... Сето останато се прилагодувања, некој вид на епидермна привлечност, афинитети на тела и карактери или некои таканаречени социјални нагодувања и спојувања.

После тој мој одговор таа не престануваше да повторува... Имавме среќа, зарем не? Кој знае што се крие позади сето ова... кој знае, мил мој?

Од таа ноќ, многу нешта се променија... се одеше на подобро и подобро... како река која мирно тече по своето корито... се до денот на нејзиното прелевање... до денот на нејзиното ЗАМИНУВАЊЕ...

... На денот на нејзиното заминување, таа се навали над мене и тивко ми шепна:

- Мил мој, пред да заминам сакам да знам во кој живот Ние се сретнавме?

- Во многу, мила моја - и одговорив...

... Таа, повеќе ништо не ме праша... ништо повеќе... само се расплака и замина !!!