Не ме интересира...

Не ме интересира кои планети влијаат во ТВОЈОТ месец на рагање. Сакам да знам дали си почувствувал доволно длабока болка и дали потоа животните разочарувања ти го ОТВОрИЈа срцето, или се си се сокрил и затворил во себе од страв повторно да не почувствуваш болка. Сакам да знам дали си во состојба да ја издржиш болката, МОЈа или СВОЈа, а притоа да не мораш да криеш, ублажуваш или бришеш. Сакам да знам дали знаеш да се радуваш, за мене или тебе, и дали можеш да заиграш диво и да дозволиш екстазата да те понесе се до врвовите на твоите прсти, а притоа да не не предупредуваш нас да бидеме внимателни, реални, свесни за оrpаничувањата на нас луѓето.

Не ме интересира дали приказната КОЈа ми Ја кажуваш е вистинита. Сакам да знам дали би бил спремен да разочараш неКОЈ друг за да бидеш искрен спрема самиот себе, дали си спремен да ги поднесеш обвинувањата за предавство, а притоа да не се изневериш себеси. Можеш ли да бидеш предавник а СО самото тоа и вреден за доверба. Сакам да знам дали си во СОСТОЈба да Ја видиш убавината, па и ако не е убава, сеКОЈ ден можеш ли да и црпиш инспираЦИЈа за својот живот од неЈЗината присутност. Сакам да знам дали си доволно силен да живееш СО неуспехот, СВОЈ и МОЈ, и сеедно да стоиш на работ на езерото и да знаеш дека неуспехот е само настан, не личност.

Не ме интересира каде живееш и колку пари имаш. Сакам да знам дали си способен да станеш после ноќ исполнета со тага и очаЈ, уморен и ДО коска исцрпен, и да направиш се што е потребно за да ги нахраниш своите деца. Не ме интересира кого познаваш и како си стигнал ДО тука. Сакам да знам дали си способен во оган и во жар и на дожд да СТОИШ покрај мене.

Не ме интересира каде си, или што си, или со кого си соработувал. Сакам да знам што е тоа во тебе самиот што те тера да продолжиш напред во моментитe кога се остaнaто се руши.

Сакам да знам дали можеш да бидеш сам со себе и дали навистина ја сакаш таа ЛИЧНОСТ која си во минутите на празнина...

Може да ве интересира и: