Срце исполнето со љубов

Срце полно љубовСедам сама во мојата соба и на тебе мислам. Ја слушам музиката која ме потсеќа на твоите очи и твојот лик. И се прашувам зарем мала е мојата љубов кон тебе. Зарем таа не е вистинска?!

Додека упорно те љубам со сето мое срце и тагувам за тебе, ти некаде шеташ со твоите другари или пак со некоја девојка, среќен и насмеан. А јас? 
Зар ништо не ти значам? Кажи ми барем дека не ме сакаш. Ќе те разберам, но никогаш нема да те заборавам! Се обидувам да те заборавам, еднаш засекогаш, но не е лесно. Не е лесно да избришеш од мислите нешто многу сакано. Кога ќе ги прочиташ овие зборови веројатно ќе се препознаеш себеси. Почнувам да чуствувам и омраза кон тебе. Толку од онаа што те сакаше. Понекогаш сети се на мене. Сети се на моето име.

Сети се на онаа голема љубов, на девојчето што искрено те сакаше и сето нејзино срце било исполнето со љубов кон тебе!