За тебе

За тебе

Знам дека си ветив дека нема да се навраќам на минатото и да живеам во спомени, и самиот ми кажа "минатото е изгубена битка"...сфаќам дека тоа навистина е така, минатото навистина е изгубена битка, нешто што не можеш да го смениш. Читајќи ја и последната порака од тебе, ме обзема чувство на тага, болка, горчина, копнеж по нешто што постоеше, а кога сето тоа ќе се помеша настанува хаос, тотален хаос!!! Множество на испомешани чувства, каде што нема комплемент пресек или унија, каде што не се разликува позитивното од негативното, едноставно-НЕДЕФИНИРАНО МНОЖЕСТВО!

А ова е мојата исповед, преку која што ќе пробам да го изразам тој хаос што ми го предизвика твоето невнимание. 
Дозволи сето време поминато заедно да пропадне во вода без да ти трепне око, како во градите да не ти чука срце, туку еден часовник, кој всушност престанал одамна да работи, а ти стана ладен и бесчувствителен...но мислам дека е крајно време да ги смениш батериите. И врати го времето назад, се сеќаваш ли на твоите ветувања, се сеќаваш ли на нашиот прв бакнеж? Мислам дека ми кажа дека нема да го заборавиш, а сега сфатив дека тоа беа само празни зборови, во кои јас слепо верував. Заслепена од сите тие слатки зборови и ветувања не ни забележав кога пројдоа 2 години, кои што ти ги заборави во секунда како ништо да не ти значеле, без грижа на совеста, без да се запрашаш за моите чувства, без да погледнеш назад за да ја видиш трагата што ја оставаш, со студен поглед ги продлабочуваш сеуште незараснатите рани, а секоја капка крв што паѓа од нив како со нож да ми го прободува срцето и создава толкава празнина...

Болката повеќе не се трпи, не можам повеќе да издржам, морам да избегам од тука и да одам на некое место каде што ќе можам да најдам мир, да си ги расчистам мислите, место каде што ќе исчезне сета болка што ми ги обзема телото и душата. Но не, кукавички е да се бега, сепак, и покрај се, ќе најдам начин да се справам со се. Ќе те преболам, ќе успеам во тоа! Но секогаш ќе се сеќавам на тебе, зашто ми ја врати надежта, ме натера да верувам во љубовта, беше со мене кога тонев во солзи, беше брегот кога се давев во депресија и самосожалување...рече дека ќе бидеш со мене без разлика на се! Се прашувам дали тоа беа зборови кои доаѓаа од дното на твојата душа, кои беа искрени или и тие беа само уште една лага?

Дали ме натера да верувамво твоите чувства,во нешто што не постоеше?!...Ако толку ти значев ќе најдеше начин да ме задржиш...

Може да ве интересира и: