Пишаниот збор на Дејан Богески

Во овој дел одвојуваме посебно место на нашиот сајт за пишаниот збор на Дејан Б.Богески. Ќе можете да ги прочитате неговите мудри мисли и изреки за животот, љубовта, среќата, љубовни текстови, проза и поезија. За почеток објавуваме дел од интервјуто со Дејан кој за себе вели: “Инаку Јас во суштина не сум ПОЕТ него само ЧОВЕК КОЈ УМЕЕ ДА ПИШУВА и кој го работи тоа во слободно време од ете некој вид хоби и разговор со сопствената душа кој го преферирам на хартија... односно во денешно време во MICROSOFT WORD зачуван во посебна папка... :)))“

Јас сепак преживеав...

Тажен љубовен исповедЈас сепак преживеав...

Немаше никој да ми подаде рака... Бев речиси на дното од една бездна, на дното од бездната на очајот... Навистина не ми подаде никој рака, сам собрав сила... И сега...

Сега си мртва ти... Иако ми ја даде веќе погребалната роза, засекогаш ќе го чувствуваш мојот парфем на твојата ноќна тоалета... Сега си мртва за мене... Закопана засекогаш... Јас не ти давам роза... Ти ја враќам сета болка што ја чувствував... Сакам да уживаш во неа... Извини... Знам дека ТЕ УБИВ... но не сум јас виновен што мразам луѓе со големо ништо зад погледот... 

Палам цигара од чисто задоволство... Ух, какво олеснување !!!

~ Дејан Б.Богески ~