Пишаниот збор на Дејан Богески

Во овој дел одвојуваме посебно место на нашиот сајт за пишаниот збор на Дејан Б.Богески. Ќе можете да ги прочитате неговите мудри мисли и изреки за животот, љубовта, среќата, љубовни текстови, проза и поезија. За почеток објавуваме дел од интервјуто со Дејан кој за себе вели: “Инаку Јас во суштина не сум ПОЕТ него само ЧОВЕК КОЈ УМЕЕ ДА ПИШУВА и кој го работи тоа во слободно време од ете некој вид хоби и разговор со сопствената душа кој го преферирам на хартија... односно во денешно време во MICROSOFT WORD зачуван во посебна папка... :)))“

Љубовта...тоа што недостасува

Љубовта што недостасуваЗошто наутро не стануваме со насмевка на лицето? Зошто не сме Благодарни на новиот ден? Зошто сме нерасположени? Зошто одиме на работа, во продавница, на пазар како да носиме голем товар на грбот? Зошто сме среќни и исполнети кога зборуваме за други? Зошто сме љубоморни? Зошто уживаме во кавгите со членовите од семејството, пријателите, колегите? Зошто судиме? Зошто толку многу тежнееме кон материјалните вредности, а не кон Духовните? Зошто сме НЕСРЕЌНИ?

Тоа е затоа што ни недостасува ЉУБОВТА. Со овој одговор Јас не открив ТОПЛА ВОДА, меѓутоа овој одговор е вода која ги руши сите брани пред себе, вода која води до ВИСТИНАТА.
Проблемот е во тоа што ние не знаеме што е тоа ЉУБОВ, имаме сосема пограшна слика за Неа. Не може со кал да се сруши браната која ја чува ВИСТИНАТА. Погледнете ги луѓето кои се околу вас, погледнете ги денешните бракови, погледнете ги односите помеѓу семејствата, погледнете ја нашата младина, нашите училишта, болници и погледнете се себеси...
Бидете искрени и одговорете си себеси колку среќни личности гледате? Нажалост, тоа што го гледате е во мал број. Но, тоа сето што го гледате може да биде толку едноставно и убаво, само кога би знаеле ДА САКАМЕ. Нашиот проблем е што ние сите чекаме да бидеме сакани. Но, СРЕЌАТА не е во тоа што ќе бидете САКАНИ... СРЕЌАТА е кога САКАТЕ. Сакајте го Бог.

Сакајте се себеси онакви какви што сте. Никогаш немојте ни во било каков момент да се срамите од себеси, бидејќи Вие сте ВРЕДНИ... вие сте ЕДИНСТВЕНИ. Сакајте ги вашите родители, какви и да се. Иако ви носат некакво зло, опростете им и сакајте ги уште повеќе. Сакајте ги вашите браќа и сестри, вашите пријатели и колеги... Немојте на никого од нив да му судите, бидејќи незнаете во моментот за што размислуваат со нивните глави. Едноставно прифатете ги онакви какви што се, и тие се ЕДИНСТВЕНИ како и Вие. Смислата на нашиот ЖИВОТ е ДА САКАМЕ... а кога САКАМЕ тогаш сме НАЈСРЕЌНИ...

ЉУБОВТА која ја носите во себе сметајте ја како СЕМЕ... а Бог, вашите родители,браќата и сестрите, пријателите, природата, животните и сите останати, па и оние кои не ве сакаат... гледајте ги како ПЛОДНО ЗЕМЈИШТЕ... Доволно е само едно мало зрнце семе да го посеете и ќе ви донесе голем ПЛОД од ЉУБОВ и СРЕЌА...

ШТО ЧЕКАТЕ... ВО СЕБЕ ИМАТЕ БЕЗБРОЈ ЗРНА СЕМЕ... ЗЕМЈИШТЕТО Е ГОЛЕМО... ПОЧНЕТЕ ДА СЕЕТЕ !!!

~ Дејан Б.Богески ~