Пишаниот збор на Дејан Богески

Во овој дел одвојуваме посебно место на нашиот сајт за пишаниот збор на Дејан Б.Богески. Ќе можете да ги прочитате неговите мудри мисли и изреки за животот, љубовта, среќата, љубовни текстови, проза и поезија. За почеток објавуваме дел од интервјуто со Дејан кој за себе вели: “Инаку Јас во суштина не сум ПОЕТ него само ЧОВЕК КОЈ УМЕЕ ДА ПИШУВА и кој го работи тоа во слободно време од ете некој вид хоби и разговор со сопствената душа кој го преферирам на хартија... односно во денешно време во MICROSOFT WORD зачуван во посебна папка... :)))“

Сте се запрашале ли НЕКОГАШ...

Треперливиот допир на ЉУБОВТАСте се запрашале ли НЕКОГАШ дека можеби вашиот ЖИВОТ може да биде како најтивките погледи, како најтивките зборови, како шепотот и треперливиот допир, како ЉУБОВТА...

Секој го може она што го сака, секој може да биде заљубен до бескрај, да го живее сонот скриен во пазувите на ЖИВОТОТ... и затоа НЕКОГАШ седнете на клупата на својот ЖИВОТ и набљудувајте го небото како постојано се менува, а сепак останува исто и прекрасно...

Влезете во вашето СРЦЕ и не откажувајте се од тоа што го сакате..
Тивките звуци на ЖИВОТОТ нека не ве заспијат, туку нека ве разбудат од сонот во кој тонете.. Секој СЕКОГАШ трага по својот пат и секој ја сака својата судбина како најдобрата мелодија на ветрот...

Верувајте во својот чекор, не губете ја надежта и додека ЖИВОТОТ ја пишува својата приказна отворете ги прозорците на својата душа и живејте ја неговата убавина, живејте со визија и со мисла дека радоста сепак ќе дојде до ВАС ... како ЗАЈДИСОНЦЕ ВО ЛЕТО !!!

~ Дејан Б.Богески ~