Пишаниот збор на Дејан Богески

Во овој дел одвојуваме посебно место на нашиот сајт за пишаниот збор на Дејан Б.Богески. Ќе можете да ги прочитате неговите мудри мисли и изреки за животот, љубовта, среќата, љубовни текстови, проза и поезија. За почеток објавуваме дел од интервјуто со Дејан кој за себе вели: “Инаку Јас во суштина не сум ПОЕТ него само ЧОВЕК КОЈ УМЕЕ ДА ПИШУВА и кој го работи тоа во слободно време од ете некој вид хоби и разговор со сопствената душа кој го преферирам на хартија... односно во денешно време во MICROSOFT WORD зачуван во посебна папка... :)))“

Болно е,сама си...

Осамена во љубовта

Болно е, нели?! Чувствуваш дека ме има, а не сум тука. Џабе бесно ги превртуваш чаршафите... Сама си... Или можеби си со некој кој што ти е свртен со грб, и неодоливо те потсетува на мене... Кога тој ќе ти се заврти, гледаш дека ни одблизу не личи на мене. ...

И што? Ќе си заминеш од неговиот кревет, и ќе продолжиш да ме бараш? Или ќе станеш и во мислите ќе ме гледаш? И откако ќе ги отвориш очите...Што тогаш? 
Повторно проклето разочарување...
Се облекуваш и си заминуваш !!!

Може да ве интересира и: