Пишаниот збор на Дејан Богески

Во овој дел одвојуваме посебно место на нашиот сајт за пишаниот збор на Дејан Б.Богески. Ќе можете да ги прочитате неговите мудри мисли и изреки за животот, љубовта, среќата, љубовни текстови, проза и поезија. За почеток објавуваме дел од интервјуто со Дејан кој за себе вели: “Инаку Јас во суштина не сум ПОЕТ него само ЧОВЕК КОЈ УМЕЕ ДА ПИШУВА и кој го работи тоа во слободно време од ете некој вид хоби и разговор со сопствената душа кој го преферирам на хартија... односно во денешно време во MICROSOFT WORD зачуван во посебна папка... :)))“

Осамена...

Осамена девојка... Сакав само да ти посакам едно Добредојде во човечкото искуство... Редно е и ти да бидеш малку осамена... За прв пат во својот живот седни и поразговарај со осаменоста... Научи и ти како да се справиш со неа... Креирај фолдер од неа, и зачувај ги сите свои подлости, можеби еден ден ќе сватиш колку е болно кога ги користиш емоциите од друго лице за да си ги задоволиш своите неисполнети желби...

Навистина многу тажно...


Стана очигледно дека повеќе не си му потребна никому... Дури не се промениш, мој совет ти е да исчезниш како пареа во воздухот...


Нема да ни биде ни најмалку чудно што толку брзо сме се навикнале на твоето отсуство !!!

By ~ Дејан Б.Богески ~