Пишаниот збор на Дејан Богески

Во овој дел одвојуваме посебно место на нашиот сајт за пишаниот збор на Дејан Б.Богески. Ќе можете да ги прочитате неговите мудри мисли и изреки за животот, љубовта, среќата, љубовни текстови, проза и поезија. За почеток објавуваме дел од интервјуто со Дејан кој за себе вели: “Инаку Јас во суштина не сум ПОЕТ него само ЧОВЕК КОЈ УМЕЕ ДА ПИШУВА и кој го работи тоа во слободно време од ете некој вид хоби и разговор со сопствената душа кој го преферирам на хартија... односно во денешно време во MICROSOFT WORD зачуван во посебна папка... :)))“

Вљубениот скитник

СкитникЕј, ти убава русокоса девојко!!! Никој не те Љубел повеќе од мене, никој не ти дал поголема моќ врз самата себе од мене, безусловна моќ...

Но, јас сум осуден на несреќа, такви сме ние скитачите... Скитачкиот поттик во нас во голема мера претставува ЉУБОВ, еротика... Романтиката на патувањето и скитањето ни претставува очекување на авантура... Ние во себе сме научиле да ги храниме токму оние ЉУБОВНИ ЖЕЛБИ што не ни се реализирале, таа ЉУБОВ што би требало да и припадне на ЖЕНАТА, радосно ја пренесуваме насекаде, низ улиците, парковите и бездните, на децата што ги среќаваме по тротоарите, на питачите по мостовите, на птиците и пеперугите...

Ние ЉУБОВТА ја одделуваме од нејзиниот објект... За нас е доволна самата ЉУБОВ... Исто како што и нашето скитање нема цел, убавината е во самото скитање, во слободата и движењето...

Млада девојко со НАСМЕАНО лице, не сакам да го знам твоето име... Не сакам да ја негувам и чувам мојата ЉУБОВ кон тебе... Ти не си цел, ти си само импулс... Таа своја ЉУБОВ јас ја подарувам насекаде, на цвеќето покрај патот, на сончевиот зрак во чашата со вино...

Ти, ти ми овозможуваш да се ВЉУБАМ во сиот свет !!!

~ Дејан Богески ~