Пишаниот збор на Дејан Богески

Во овој дел одвојуваме посебно место на нашиот сајт за пишаниот збор на Дејан Б.Богески. Ќе можете да ги прочитате неговите мудри мисли и изреки за животот, љубовта, среќата, љубовни текстови, проза и поезија. За почеток објавуваме дел од интервјуто со Дејан кој за себе вели: “Инаку Јас во суштина не сум ПОЕТ него само ЧОВЕК КОЈ УМЕЕ ДА ПИШУВА и кој го работи тоа во слободно време од ете некој вид хоби и разговор со сопствената душа кој го преферирам на хартија... односно во денешно време во MICROSOFT WORD зачуван во посебна папка... :)))“

Што сум?

Што сум јас???‎... Што сум? Човек? Животно? Робот? 
Овие неколку денови наназад, постојано се прашувам што сум?
... Будала?

Да... сигурно тоа сум !!!

Се она што се случи... всушност никогаш вистински не било... Реалноста заврши кај себичноста... дволичноста и безчувствителноста...
Во овој свет постојат други бакнежи... други прегратки... други држења за раце... но исти зборови... исти приказни... исти ветувања... Дури и личноста која си мислел дека ја познаваш не била ништо друго освен проекција на сопствените желби и соништа...

Моментите кои си ги делел не значеле ништо... никогаш реално не постоеле... се било лага... се било заблуда... Се давиме во заблуди... сакаме луѓе кои реално не постојат... шмркаме мозоци... пливаме во своите и општествените бљувотини... добиваме презир од оние кои треба да ни помогнат... преповторувачки прашања и ситуации без смисла... се во круг... се во круг...Круг кој самите го запечатуваме со својата пломба... самите станувајќи си најголеми НЕПРИЈАТЕЛИ... 

... САМИ СВОИ МАЧЕНИЦИ !!!

~ Dejan Bogeski ~

Може да ве интересира и: