Пишаниот збор на Дејан Богески

Во овој дел одвојуваме посебно место на нашиот сајт за пишаниот збор на Дејан Б.Богески. Ќе можете да ги прочитате неговите мудри мисли и изреки за животот, љубовта, среќата, љубовни текстови, проза и поезија. За почеток објавуваме дел од интервјуто со Дејан кој за себе вели: “Инаку Јас во суштина не сум ПОЕТ него само ЧОВЕК КОЈ УМЕЕ ДА ПИШУВА и кој го работи тоа во слободно време од ете некој вид хоби и разговор со сопствената душа кој го преферирам на хартија... односно во денешно време во MICROSOFT WORD зачуван во посебна папка... :)))“

На Дејан Б.Богески

Страст која го разгори стариот жар

Стара љубовна страстИзлегов да се прошетам, бидејки времето беше убаво... Ретко имав прилика да бидам без обврски, и да си посветам барем неколку часа само на себе, макар тоа била и една обична прошетка по улиците на градот... Бев и повеќе од зафатен, додуша рака на срце немав на што да се жалам... Имам убава работа, a и убава живеачка... Одејќи така по улицата, одминувајќи една жена која беше застанала пред еден излог, ненамерно и ја закачив торбата, и таа падна... Во истиот момент таа се сврте, но, извинувањето ми застана на уста, не успеав да го изречам ...

Повеќе: Страст која го разгори стариот жар

Осамена...

Осамена и тажна... Сакав само да ти посакам едно Добредојде во човечкото искуство... Редно е и ти да бидеш малку осамена... За прв пат во својот живот седни и поразговарај со осаменоста... Научи и ти како да се справиш со неа... Креирај фолдер од неа, и зачувај ги сите свои подлости, можеби еден ден ќе сватиш колку е болно кога ги користиш емоциите од друго лице за да си ги задоволиш своите неисполнети желби...


Навистина многу тажно...

Повеќе: Осамена...

Вљубениот скитник

Вљубениот скитник - Дејан БогескиЕј, ти убава русокоса девојко!!! Никој не те Љубел повеќе од мене, никој не ти дал поголема моќ врз самата себе од мене, безусловна моќ...

Но, јас сум осуден на несреќа, такви сме ние скитачите... Скитачкиот поттик во нас во голема мера претставува ЉУБОВ, еротика... Романтиката на патувањето и скитањето ни претставува очекување на авантура... Ние во себе сме научиле да ги храниме токму оние...

Повеќе: Вљубениот скитник

Што сум?

Сами свои маченици‎... Што сум? Човек? Животно? Робот?
Овие неколку денови наназад, постојано се прашувам што сум?
... Будала?

Да... сигурно тоа сум !!!

Повеќе: Што сум?

Страница 1 од 7