Незаборавно и неповратно...

Романтично љубовно писмоДожд, ладно... само една насмевка, очи полни несигурност и прегратка...

Една вечер...

Вечер во која за прв пат си дозволив да бидам онаа личност која навистина сум, си дозволив да се опуштам, и да бидам правата јас, без лаги, без криење... Росеше... најубавото нешто, чувството кога лесни капки ќе ти паднат на лицето, а сепак не те...

Повеќе: Незаборавно и неповратно...

Велат дека е скршено срце она...

Скршено срцеСедев така стуткана во седиштето и со главата потпрена на воланот. Не постоеше посигурно место на светот од ова. Овде бев сама, овде бев своја, овде бев сигурна и заштитена. Единствено место на светот каде можев да ја испуштам и душата, да ја отворам и да си дозволам да бидам искрена самата со себе. Да си признаам дека не сум толку силна. Но, и ова место ме потсетуваше на него, и на ова место ме демнеше неговиот глас и еден збор. Само еден.

Дишењето ми стануваше сè потешко и потешко. Како некоја грутка да ми се беше заглавила. Повеќе не можев ни да ги отворам очите. Само чувствував врели капки кои ми се тркалаа по образите, а во себе сеуште го...

Повеќе: Велат дека е скршено срце она...

Денес, утре и прагот меѓу нив

Ми недостигашЈас и погледот закотвен во работ на прозорецот. Од толку многу пријатели, чувствувам дека тој ми е најдобриот сега додека полубудна молчам и ги барам во сеќавањата најубавите фотографии кои ги сликале моите очи. Посегнувам по шолјата со врел чај не тргајќи го погледот од неговото пристаниште.

Ги истрошив сите зборови, чекори и насмевки за денес, хиперактивно ја исцрпив целата убавина на денот, ја потрошив целата сила...

Повеќе: Денес, утре и прагот меѓу нив

Кога срцето камен бидува

Белешките на Лајла ГрејсПонекогаш се прашувам
дали љубовта вистински постои?
Се прашувам длабоко и искрено.
Се замислувам, се сомневам
и заплакувам затоа што не наоѓам одговор.
Срцето ме пече, па на искреноста и велам
"Оди си, јас повеќе не ќе љубам."

Повеќе: Кога срцето камен бидува

Страст која го разгори стариот жар

Стара љубовна страстИзлегов да се прошетам, бидејки времето беше убаво... Ретко имав прилика да бидам без обврски, и да си посветам барем неколку часа само на себе, макар тоа била и една обична прошетка по улиците на градот... Бев и повеќе од зафатен, додуша рака на срце немав на што да се жалам... Имам убава работа, a и убава живеачка... Одејќи така по улицата, одминувајќи една жена која беше застанала пред еден излог, ненамерно и ја закачив торбата, и таа падна... Во истиот момент таа се сврте, но, извинувањето ми застана на уста, не успеав да го изречам ...

Повеќе: Страст која го разгори стариот жар