Афоризми од Васил Тoлевски 02

  • За да не останеме без работа, Господ ни направи дупка – на задникот!
  • Никој е смее да ми забрани да јадам лајна! Според уставот - сите сме еднакви, па и со политичарите.
  • Имавме јасна визија, ама ни ја поматија оние што продаваат магла!
  • Земјата ни е тешка кога сме живи. А кога ќе умреме – лесна ни земја!
  • Како да замислам пет македонски политичари, кога не можам ниту еден да смислам?!
  • За проститутките нема место во политиката. Има поголеми курви од нив.
  • Исус беше дрводелец. Затоа го молам да се спушти долу и да ги изделка недоделканиве.
  • Ќе отворам банка за сперма. Почетниот капитал ми е при рака.
  • Одејќи во Европа свративме во Хаг.
  • Народот игра онака како што свират шупелките.
  • Кентаур е коњ со човечка глава. Политикант е човек со коњски мозок.
  • Не е се така црно.Гаќите ни се кафеави.