Лузни кои остануваат...

Трајни лузниСи било едно момче кое имало лош карактер. Татко му му дал вреќа полна клинци и му рекол секогаш кога ќе збесни и ја изгуби контролата врз себе, да закова еден клинец во оградата.

Првиот ден момчето заковало 37, и секој ден се помалку и помалку клинци.

Во текот на следните неколку месеци тоа научило да го контролира својот бес и бројот на заковани клинци се смалувал. Открило дека е полесно да го контролира својот карактер отколку да кова клинци во оградата. Најпосле осамнал денот кога момчето не заковало ниту еден клинец во оградата. Отишло кај татко му и му кажало дека тој ден не побеснало.

Тогаш татко му му рекол :

- " Секој ден кога ќе успееш да го контролираш своето однесување, извади еден клинец од оградата . "

Деновите проаѓале и еден ден момчето му кажало на татка си дека ги извадил сите клинци од оградата. Таткото го зел сина си за рака и го одвел до оградата.
Тогаш му рекол:

- „Добро си направил сине мој, но погледај ги сите овие дупки во оградата. Оградата никогаш повеќе нема да биде иста. Кога во бес ќе кажеш некои работи, тие оставаат лузни како што се овие дупки во оградата. Можеш човека да го прободеш со нож и да го извадиш ножот. После тоа не е важно колку пати ќе кажеш дека ти е жал, дупките остануваат. Вербалната рана исто толку боли како и физичката.
Пријателите се навистина ретки скапоцени камења, тие те насмеваат, те охрабруваат да успееш во нешто, спремни се да те сослушаат, да ја споделат твојата болка, имаат убав збор за тебе и секогаш имаат отворено срце за тебе. Животот не е блок за цртање. Грешките не се направени со молив за кои може да се употреби гума за бришење, за да ги снема, како никогаш да не постоеле.

Едно убаво нешто во пријателството е сознанието кому можеш да му довериш тајна."

Може да ве интересира и: