Најубавата ружа

Најубавата ружа поучна приказнаЕднаш, во едно време, во една земја, живееше прекрасната ќерка на големиот владар. Дојде време за нејзина венчавка, но на девојката не ѝ се допаѓаше никој, ниту синови на кралеви, ниту на везири, ниту на богати трговци. Девојката ги одбиваше сите. Во оваа земја живееше прекрасно, но сиромашно момче кое ја побара нејзината рака. Секако, ѝ него го одби.

Mомчето замина во друга земја да работи. Работеше напорно и стекна големо богатство. Во својата земја се врати по многу години. Потсетувајќи се на претходните години, се присети на девојката која го одби и посака да ја види. Се распраша каде TAA сега живее и појде до нејзината куќа. Пред да затропа на вратата неа ја отвори еден човек кој беше толку грд што момчето мораше да го симне погледот.

Кога човекот се оддалечи, момчето тропна на вратата. Вратата ја отвори некогаш преубавата девојка. Момчето беше многу љубопитно и веднаш ја запраша зошто се омажи за така грд човек. Девојката го однесе позади куќата каде имаше прекрасна градина полна со ружи и му рече:

- Ако сакаш да го дознаеш одговорот, треба да ја најдеш најубавата ружа во градинава и да ми ја донесеш. Но, под еден услов - може да одиш напред, не смееш да се враќаш назад.

Момчето тргна низ градината. Само што помисли дека ја пронајде најубавата ружа, здогледа во близина друга, уште поубава. Ја пружи раката кон неа, но виде друга уште поубава. За кратко време дојде до крајот на градината, а не успеа да се одлучи која ружа е најубава. А назад не можеше. Тогаш, наоѓајќи се во безизлезна ситуација, на самиот раб на градината виде една напола свената ружа, ја скина и ѝ ја однесе на девојката.


Кога ја виде ружата во неговите раце, девојката му рече:
" СЕГА ЗНАЕШ ЗОШТО ГО ИЗБРАВ ОВОЈ ЧОВЕК "

Може да ве интересира и: