Совршено срце

Приказна за старецот и момчетоНакој млад човек имал СОВРШЕНО СРЦЕ на кое немало и неможеле да се најдат никакви РАНИ ни ЛУЗНИ на него со што и сите се сложувале дека неговото СРЦЕ е НАЈУБАВО. Младичот бил многу ГОРД со своето СРЦЕ и се повејќе и повеќе гласно се фалел на сите со своето СОВРШЕНО СРЦЕ. Но тоа го дослушнал и еден стар човек кој му довикнал!

- Синко, а зошто ТВОЕТО СРЦЕ не е така УБАВО како МОЕТО? 

Срцето на старецот силно чукаше, но беше преполно со ЛУЗНИ и РАНИ што дури и на некои места делчина од него беа преместени, па на друга страна додавани кои потполно не одговараа на местата, а некаде дури фалеа и делчина од него. Луѓето што се наоѓаа околу нив со недоверба го погледнаа старецот и се прашуваа како може неговото срце да е ПОСОВРШЕНО од МЛАДИЧОТ. Младичот погледна во СРЦЕТО на СТАРЕЦОТ и смешкајки се му рече:

- Мора да се шегуваш дедо! Ајде дедо спореди го моето СРЦЕ со твоето, види го моето е СОВРШЕНО, а твоето е преполно со ЛУЗНИ и РАНИ.

Старецот се насмевна и му одговори:
- Погледни добро СИНКО кај мене секоја ЛУЗНА ја претставува личноста што сум ја ЉУБЕЛ и на која сум и подарувал ЉУБОВ, каде што има РАНА сум извадил парче од моето СРЦЕ и сум и го подарил на ЉУБЕНАТА, погледни овде каде што ми е ДОДАВАНО, тоа е кога најчесто мене ми подарувале ЉУБЕНИТЕ парче од НИВНОТО СРЦЕ, но совршено не се совпаѓало со празнината со моето, каде што има ПРАЗНИНА тоа е кога сум подарувал дел од СРЦЕТО а возврат не сум добивал, на него настанале големи ПРАЗНИНИ и ВДЛАБНАТИНИ, но иако се ОТВОРЕНИ и БОЛНИ ме потсеќаат на ЉУБОВТА која сум ја СПОДЕЛУВАЛ со надеж дека еден ден ќе се врати и ќе ми ја потполни ПРАЗНИНАТА Синко!

ДАЛИ СЕГА ЈА ГЛЕДАШ ВИСТИНСКАТА УБАВИНА НА МОЕТО СРЦЕ!
Младичот малку се подзамисли го погледна СТАРЕЦОТ откина едно парче од своето СОВРШЕНО СРЦЕ пријде и му го подаде на старецот. Старецот го зеде делот од СРЦЕТО на МЛАДИЧОТ, откина дел од неговото и го стави на РАНАТА од МЛАДОТО СРЦЕ. Тогаш МЛАДИЧОТ го погледна СВОЕТО СРЦЕ , кое сега не беше СОВРШЕНО НО БЕШЕ ПОУБАВО ОД СОВРШЕНОТО.