Што е простување ?

Зошто треба да се простуваТоа е разбирање дека не можете да одите назад и да го промените минатото и прифаќање на сите искуства - без разлика колку биле трауматични, болни или несреќни - дека се едноставно лекции од кои се учи.

Без разлика дали биле емотивни, физички или психолошки, негативни или позитивни тие лекции биле наменети да Ве научат да бидете тие што сте во овој момент помудри, повеќе свои.Треба да разберете и да прифатите дека денес сте личноста од тоа што сте го научиле во животот.

Прифатете ги тие лекции и вистински учете од нив и негативностите од вчера никогаш повеќе нема да влијаат на Вас.

Кому треба да му простите ? - НА СЕКОГО.

Треба прво да си простите на себе си што сте верувале во нешто дека е погрешно или исправно, што не сте пружале љубов на некому кога му била потребна, што не сте дале подршка некому во вистинскиот момент, што сте креирале негативна енергија во животот на некој друг или во вашиот или кога не сте биле чесни и не сте имале почит кон некого.

Простете им на другите а најважно од сето тоа е да сфаттите дека вие не го одобрувате лошото однесување кое некој го направил кон Вас. Разберете дека не можете да го промените тоа што се случило туку прифатете го тоа како лекција од животот која Ве научила на нешто..

Прифатете ги сите свои искуства и почувствувајте ја мудроста која ќе ја исцрпете од нив.
Не можете да ги промените нештата но секогаш може да откриете нешто вредно во нив.
Кога ќе го откриетее тоа ќе бидете способни да си простите и на себе и на другите. Нема да се грижите за пречките и тежината од минатото - ќе бидете слободни.

П.С Запамтете човечки е да се греши но уште почовечки е да се прости !!!

Може да ве интересира и: