Разговор со бог

Разговор со бог“Значи, ти би сакал да разговараш со мене”- рече Бог.
“Ако имаш време “- реков.

Бог се насмеа: “Моето време е вечност”.“Што сакаше да ме прашаш?”

“Што најмногу те изненадува кај луѓето?”- го прашав.

Бог одговори:

“Тоа што детството им е досадно. Брзаат да пораснат,а потоа посакуваат повторно да бидат деца.
Што го трошат здравјето за да заработат пари,а потоа парите ги трошат за да си го вратат здравјето
Што толку многу размислуваат за иднината што ја забораваат сегашноста. На тој начин не живеат ни во сегашноста ни во иднината.
Што живеат како никогаш да нема да умрат, а кога ќе умрат е како никогаш да не живееле.”

Бог ме фати за рака. Останавме на момент во тишина.

Тогаш прашав:” Како родител,кои животни поуки би сакал твоите деца да ги научат?”

Насмевнувајќи се,Бог одговори:

“Да научат дека неможат никој да го присилат да ги сака. Можат само да сакаат.
Да научат дека не е највредно она што го поседуваат, туку кој се во својот живот.
Да научат дека не е добро да се споредуваат со другите...
Да научат дека не е богат оној човек кој што најмногу има,туку оној на кој што најмалку му треба.
Да научат дека се потребни само неколку секунди да се повреди саканата личност, а потоа се потребни години да се излечи.
Да научат да простуваат...така да самите простуваат.
Да спознаат дека постојат личности кои нежно ги сакаат,но тоа не можат да го кажат,или покажат.
Да научат дека со пари може се да се купи освен среќата и љубовта.
Да научат дека две особи можат да гледаат во иста работа,но да ја видат различно.
Да научат дека вистински пријател е оној кој знае се за нив...а сепак ги сака.
Да научат дека не е доволно само другите да им простат.Мораат и самите себеси да си простуваат.

Луѓето ќе заборават што си рекол.
Луѓето ќе заборават што си направил.
Но никогаш нема да заборават какви чувства во нив си разбудил.”