Белата и црна кутија

Приказна за живототНекогаш одамна, живеел некој многу сиромашен човек. Тој имал син единец кој многу го сакал. Го научил да чита и да пишyва. Во тоа време, ретки биле тие што знаеле да читаат и пишyваат. 
Старецот, на денот кога умираше, го повика својот син и му даде две мали кyтии - БЕЛА и ЦРНА, и му рече:

- За жал, синко немам ништо друго да ти оставам освен овие две кyтии. Кога ќе ти биде многу тешко во животот, кога ќе мислиш дека повеќе не можеш да издржиш, отворија белата кyтија, а црната отвори ја тогаш кога ќе ти биде добро во Животот.

Младото момче достојно го испрати татка си, го спакува она малку што го поседуваше и тргна по работа во белиот свет. Работеше секакви работи, спиеше под отворено небо, но ништо не му остануваше 

за живот, со што стана многу уморен и очаен. Го печеше сонцето, го мрзнеа мразовите, го носеа водите. Рацете му беа огрубеле, лицето му се наполни со брчки. Неможејќи повеќе да издржи, реши да се убие. Легна на земјата, ги склопи рацете да му се помоли на Бога, и тoгаш од под појасот, зашиени за пантолоните, ги осетил двете мали кyтии што му ги даде татко му и се потсети на татковите зборови: 

... Кога ќе ти биде најтешко во животот и кога кога ќе мислиш дека повеќе не можеш да издржиш, отворија белата кyтија.

Ја отвори БЕЛАТА кyтија, и од неа, извади оризова хартија на која пишуваше:

... ОВА ЌЕ ПОМИНЕ!

Момчето тогаш ја разбра пораката. се предомисли и се прибра со мислите, стана и тргна кон најблискиот град. Таму, пред големите порти на градот, стоеше собран многу народ, многу луѓе кои не можеа да влезат внатре, бидејќи никој од нив не знаеше да прочита што пишyва на вратата. Момчето се доближи до портата, ја прочитал на глас пораката и помина. По него помина и останатата група на луѓе. Неколку денови лyташе по градот, барајќи работа, кога му пријде еден човек и му рече:

- На мојот газда му треба писар, селаните ми рекоа дека си знаел да читаш и да пишуваш.И ова ќе помине

Така момчето доби работа како градски писар. Работеше поштено и чесно, но многу напорно. Со тек на време стана познат и признат писар. Се стекна со имот, се ожени со млада и убава девојка со која
создал свое семејство, каде своите синови ги научил да пишуваат и да читаат. Бил среќен.

И тогаш се сетил на својот татко, и на двете кутии. Ја извадил црната кутија. Во неа, повторно ливче, со ракописот од татко му:

И ова ќе помине!