Збирка мудри мисли 01

  • Повреди ме со вистината, ама никогаш не ме теши со лагата.
  • Тие твои празни зборови не вредат ништо, покажи се за да ти верувам.
  • Неверството е како непозната вода, кој ќе згази во неа сигурно ќе се удави.
  • Кога си млад се ти изгледа супер и се ти е рамно Kога си возрасен ништо не ти е јасно Kога ке подостарееш се ти е јасно само за се ти е касно.
  • Не ви треба некој кој ќе ви симнува ѕвезди, туку некој со кого ќе ги гледате ѕвездите.
  • Љубовта доаѓа кај оние кои сеуште се надеваат по разочарување, кои сеуште веруваат по измама, и кои сеуште сакаат откако биле повредени.
  • Животот... е иронична работа. Ни треба бучава... за да ја цениме тишината. Ни треба тага... за да стигнеме до среќата. Ни треба нечие отсуство... за да го цениме неговото присуство.