Пабло Неруда – Смрт

Пабло Неруда – Смрт

Многупати одново сум се родил, од длабочините
на поразените ѕвезди, оновувајќи ги нишките
на оние вечности што сум ги населил со своите раце,
и сега ќе умрам, ништо повеќе, со земјата
врз моето тело, определено да биде земја.

Не сум го купил парчето небо што го продаваа
свештениците, ниту сум ги прифатил темнините
што ги произведуваше метафизичарот
за безгрижните големци.

Сакам во смртта да бидам со сиромасите
што немале време да ја проучуваат
додека биле тепани од оние
што го поделиле и го уредиле небото.

Ја имам својата смрт спремна, како облека
што ме чека, во боја што ми се допаѓа,
по мерка што напразно сум ја барал,
со длабочина каква ми е потребна.

Кога љубовта ја потрошува својата јасна содржина,
а борбата ги здробува своите чекани
во други раце со насобрана сила,
доаѓа смртта да ги избрише знаците