Ќе го поздравам...

Најголемиот продавач на светотЌе го поздравам овој ден со љубов во срцето. А како ќе го направам тоа ? 

Отсега натаму ќе гледам на сите нешта со љубов и повторно ќе се родам. Ќе го сакам сонцето зашто тоа ги топли моите коски, сепак ќе го сакам и дождот зашто тој ми ја прочистува душата. Ќе ја сакам светлината зашто таа ни го покажува патот, сепак ќе ја сакам и темнината зашто таа ми ги покажува ѕвездите. Ќе и посакам добредојде на среќата зашто таа ми ја проширува душата, сепак ќе ја поднесувам и тагата зашто таа ми ја отвара душата. 

Ќе ги прифаќам наградите зашто сум ги заслужил, сепак ќе ги пречекувм со добредојде и пречките зашто тие се предизвик за мене. Ќе го позадравам овој ден со љубов во срцето. А како ќе зборувам? Ќе ги фалам своите непријатели и тие ќе ми станат пријатели, ќе ги охрабрувам своите пријатели и тие ќе ми станат браќа. Секогаш ќе барам причина да фалам, никогаш нема да барам изговори за озборување. Кога ќе бидам поттикнат да фалам, ќе викам од покривот!

~ Најголемиот продавач на светот - Ог Мандино ~