Имајте убав и весел ден исполнет со љубов

Крај реката Педра седев и плачевТреба да се ризикува. Ние навистина го сфаќаме чудото на животот дури откако ќе ни се случи нешто неочекувано.

Секој ден Господ ни дава со утринското сонце, еден миг во кој е можно да се измени сето она што не прави несреќни. Секој ден ние се преправаме дека не сме свесни оти тој миг постои, се однесуваме како божем веруваме дека денешниот ден е сличен на вчерашниот и дека ќе биде сличен на утрешниот. Но, човекот кој со внимание го следи денот во што го живее, го открива волшебниот миг. Тој може да биде скриен во минутите, кога наутро го ставаме клучот на клучалката, во миговите на тишината што настапуваат по вечерата, во илјада и едната дребност што ни се чинат наполно исти. Но тој миг постои. Тоа е миг во кој сета моќ на ѕвездите минува низ нас и ни овозможува да сториме чуда. ...

СРЕЌАТА понекогаш е благослов – но најчесто е освојување. Волшебниот миг на денот ни помага да се измениме, не тера да тргнеме во потрага по нашите сништа. Ќе страдаме, ќе чекориме по патиштата послани со трње, ама сето тоа е привремено и не остава траги. А подоцна, со гордост и со верба, ќе можеме да се свртиме и да погледнеме зад себе. ...

НЕСРЕЌЕН е оној кој не се осмелил да ризикува. Можеби тој никогаш нема да доживее разочарувања, нема да остане без своите илузии, нема да страда како оние кои пред себе имаат сон што го следат. Но кога ќе погледне зад себе (зошто ќе дојде тоа време кога секој од нас ќе погледне зад себе) ќе го слушне своето СРЦЕ како му вели:

- " Што ли направи со чудата со кои Господ ги посеа твоите дни? Што стори со дарбите кои Творецот ти ги довери? Ги закопа во длабока дупка, зошто се плашеше да не ги загубиш. И сега само уште тоа ти преостанува: Сознанието дека ЗАЛУДНО СИ ГО ЖИВЕЕЛ СВОЈОТ ЖИВОТ... "

Тешко на оној што ќе ги слушне овие зборови. Дури тогаш ќе поверува во чуда, само што волшебните мигови на ЖИВОТОТ веќе ќе бидат минато......

еден убав извадок за УБАВ ДЕН од

" Крај реката Педра седев и плачев " - Паоло Коелјо

 

{fcomment}