Роденденски смс пораки

Животот е прекраток...

Љуби, смеј се постојано, помири се со нештото кое морало да биде така. Давај се, и не жали за ништо, затоа што животот е прекраток за да чуствуваш тага.

СРЕЌЕН РОДЕНДЕН!!!

Да се заљубиш...

Да се заљубиш, но среќно, љубовта да ти трае вечно, да заборавиш се што ти создавало болка, ти посакувам јас, оној кој највеќе и искрено те сака.

Ти посакувам доволно...

Ти посакувам доволно сонце, за погледот да ти биде светол!
Ти посакувам доволно дожд, за да го цениш сонцето уште повеќе!
Ти посакувам доволно среќа, за да го запазиш својот дух жив!
Ти посакувам доволно...

Повеќе: Ти посакувам доволно...

Очите да ти...

Очите да ти греат од среќа, срцето од радост да ти чука и сите птички пак да пеат, затоа што денес славиш роденден ти, за многу години!

Што да ти посакам?

Што да ти посакам? Убавината си ја имаш. Среќата ти е во срцето. Ум? Тој ти е достапен, за да живееш така како што сакаш. Љубов? За што ти е, кога сите околу тебе те сакаат. Тогаш ќе ти посакам: верувај во себе и чекори умерено по патот на животот.

Среќен роденден!

Нека оваа година...

Нека оваа година биде роман на твојот живот, а секоја негова страница твоја исполнета желба-СРЕЌЕН РОДЕНДЕН.

Роденденска порака...

Нека оваа порака стигне до тебе, нека те гушне место мене, нека те бакне на овој ден и нека ти посака СРЕЌЕН РОДЕНДЕН.