Роденденски смс пораки

Нека првиот зрак

Нека првиот зрак ова утро те води годинава по патот на среќата,љубовта и успехот а, последниот вечерва нека ти донесе незаборавни ноќи со саканата личност. И кога на истиов ден за година, ќе се сетиш на убавите нешта кои си ги поминал/а сети се дека јас сум тука за повторно да ти посакам се најубаво и да ти речам „СРЕЌЕН РОДЕНДЕН”

Маченче мое...

Маченче мое денес е твој ден,биди со тие што те сакаат и ги сакаш.Денес е денот кога ќе видиш на кого вистински му значиш. СРЕЌЕН РОДЕНДЕН

Некој рекол дека

Некој рекол дека среќата ја сочинуваат мали нешта. Ако тоа е навистина така тогаш тие нешта нека го исполнувааат секој ден од твојот живот. СРЕЌЕН РОДЕНДЕН!

Само на посебни денови

Само на посебни денови се раѓаат убави ангели кои вечно ќе останат во срцата на нивните пријатели. СРЕЌЕН РОДЕНДЕН!!!

Овој свет е

Овој свет е поубав поради луѓето како тебе, поради тоа ти заслужуваш да бидеш среќен не само на овој ден туку и на секој нареден. СРЕЌЕН РОДЕНДЕН!!!

Ако немаш...

Ако немаш љубов-пронајди ја, ако немаш животна цел-постави ја, ако немаш желба-посакај ја затоа што денес е твој ден...СРЕЌЕН РОДЕНДЕН!!!

Ти посакувам

Не посакувам да ти се исполнат сите желби,зашто ќе нема за што да сонуваш. Ти посакувам да ти се исполнат доволно желби за да бидеш среќна. СРЕЌЕН РОДЕНДЕН!!!