Љубовни смс пораки

Склопи ги очите...

Склопи ги очите во темнината на ноќта и најди ја светлината на ѕвездите кои ќе ме донесат во твоите сништа за кои утре вреди да се разбудиш и да ме бакнеш!

Таа ве лаже...

Ако ве праша за мене излажете ја дека умрев, зошто оној ден кога се разделивме ме повреди, а ако ви рече дека сеуште ме љуби, верувајте, ве лаже, не е така, затоа што таа тој ден ме уби.

Ти си..

Ти си зрак кој го дишам, ти си сонце кое ме грее, ти си она што постои за моето лице да се смее.

Нема да плачам...

Нема да плачам кога ќе заминеш со друг, нема да те молам да се вратиш, ќе бидам далеку кога ќе бидеш среќна и уште подалеку кога ќе почнеш да патиш.

Се посилно чуствувам...

Се посилно чуствувам како ми струиш по телото и поминуваш низ душава оставајќи неизбришливи траги, кои со секое отчукување на срцево ме подсеќаат дека постојам само за тебе.

Ти си ми се...

Ти си светлост во далечина, тивок звук во тишина, мое јаве и мој сон, секој ден и секоја ноќ. Ти си ми се јас не можам без тебе.

Ако некогаш...

Ако некогаш некого имам сакано, чувано, сонувано секоја вечер, носено во мислите, говорено вистина, шепотени слатки зборови на уво, тогаш тоа си била ТИ.