Љубовни смс пораки

Срцето ми побегна...

Срцето ми побегна, само ми остави порака дека заминало кај тебе, па ако го видиш земи го кај себе, не му дозволувај да лута и пушти го крај срцето свое засекогаш нека биде твое.

Во твоите очи...

Знаеш, вечерва ги броев ѕвездите и забележав дека некои фалат, но тогаш се сетив дека се скриени во твоите очи...

Месечината ќе ти рече дека...

Месечината ќе ти рече дека мислам на тебе, ѕвездите ќе ти кажат дека си дел од мене, ветрот ќе ти ја донесе љубовта моја, а на сетоа тоа ти стави ја насмевката своја.

Во моето срце...

Убаво е чувството кога постоиш во мојот живот и не е важно колку, а ни од кога, ниту пак зошто... Убаво е да ги отвориш очите и едноставно да видиш дека си тука, во моето срце...

Надеж во вечноста...

Бог не ни ветил насмевка без солзи, пат без трње, радост без тага. Но ни дарувал ЉУБОВ кон луѓето, ВЕРА во животот, НАДЕЖ во вечноста !!!

Танцот на љубовта...

По звукот одам...треперам...очекувам немир кога една нота го разигрува срцето и ја гасам жедта кога шепотот твој ја ослободува душата...ја праќа блиску до ѕвездите, едноставно звукот на гитарата ја знае тајната... за танцот на Љубовта!

Не е важно каде си ти а каде јас...

Не е важно каде си ти а каде јас, не е важна ни оваа далечина што не дели - важно е дека си таму каде што треба да бидеш - длабоко во  моето срце!