Не гледај ме така зошто јас сум само смс порака и дојдов да ти кажам дека овај од другата страна што ме испрати не може да живее без тебе и дека многу те сака.
Понекогаш посакувам да заврне дожд за да те потсети на летните дождливи ноќи, понекогаш посакувам да пропече сонце за да те потсети на летните прошетки, понекогаш посакувам ветер да задува за да те донесе до мене и да ти кажам колку те сакам.
Кога тагата ќе те скрши, кога ќе видиш дека љубовта сврши, кога срцето те боли, знај дека некој за нежност те моли,кога спијам во сон ќе дојдам да те видам, кај тебе да бидам, да те гушнам и бакнам затоа што само во сон можам да те имам.
Ти праќам ѕвезда да ти го покаже патот до мене, ти праќам бакнеж да ти покаже колку мислам на тебе, ти го праќам моето срце да ти покаже колку чука за тебе.
Запиши ме во именикот под шифра “ТЕ САКАМ“ и секогаш кога ќе ти титнам ќе знаеш што ќе ти кажам.
Во срцето мое нешто гори, докторот вели нема што да се стори, затоа дојди мила моја, за да ме излечиш со прегратка своја.
Правила на користење | За СМС Пораки