Jас сум само порака...

Не гледај ме така зошто јас сум само смс порака и дојдов да ти кажам дека овај од другата страна што ме испрати не може да живее без тебе и дека многу те сака.

Понекогаш посакувам...

Понекогаш посакувам да заврне дожд за да те потсети на летните дождливи ноќи, понекогаш посакувам да пропече сонце за да те потсети на летните прошетки, понекогаш посакувам ветер да задува за да те донесе до мене и да ти кажам колку те сакам.

Кога тагата ќе...

Кога тагата ќе те скрши, кога ќе видиш дека љубовта сврши, кога срцето те боли, знај дека некој за нежност те моли,кога спијам во сон ќе дојдам да те видам, кај тебе да бидам, да те гушнам и бакнам затоа што само во сон можам да те имам.

Не го сакам Охрид...

Не го сакам Охрид, ниту Струга, те сакам тебе, а ти сакаш друга.

Ти праќам ѕвезда...

Ти праќам ѕвезда да ти го покаже патот до мене, ти праќам бакнеж да ти покаже колку мислам на тебе, ти го праќам моето срце да ти покаже колку чука за тебе.

Шифра “Те сакам“

Запиши ме во именикот под шифра “ТЕ САКАМ“ и секогаш кога ќе ти титнам ќе знаеш што ќе ти кажам.